24 Јули, 2019
0.0208

Катругалос вели дека треба да се цени политичката волја која ја покажа Северна Македонија

Објавено во: Балкан 17 Јуни, 2019

Министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, во интервјуто за весникот „Авги“ вели дека немаат право да бараат спроведување на радикални реформи, почитување на европското законодавство, а потоа да се повлекуваат без причина, бидејќи тоа може да има значајни последици и за регионот и за Европа. 

Тој додава дека ЕУ треба да ги почитува и внатрешните реформи и покажаната политичка волја преку Договорот од Преспа.

„Особено во однос Северна Македонија, треба да се цени не само тоа што одговори на барањата за неопходните внатрешни реформи, туку и политичката волја за решавање на споровите со соседите што ја покажа со Договорот од Преспа. Промена на ставот од страна на Европејците би било удар за кредибилитетот на ЕУ“, изјави министерот. 

Во врска со тоа дека Грција до есен ја замрзна поканата за почеток на пристапни преговори со Албанија и Северна Македонија, Катругалос одговара дека можноста е сѐ уште отворена и повторува дека Грција ја поддржува европската перспектива на двете земји, доколку се исполнети поставените предуслови на ЕУ кои важат за сите земји кандидати, јави дописничката на МИА од Атина.

Денеска се навршува една година од потпишувањето на Договорот од Преспа. 

Можеби ќе ве интересира

И сенка на плажа се наплаќа

И сенка на плажа се наплаќа

Турците сакаат мир со Грците, но има еден проблем

Турците сакаат мир со Грците, но има еден проблем

НЕ ПОМИНАА НИ ТРИ МЕСЕЦИ: Пукна новиот асфалт во Грделичка клисура

НЕ ПОМИНАА НИ ТРИ МЕСЕЦИ: Пукна новиот асфалт во Грделичка клисура

ГЕРМАНЦИ ШОКИРАНИ: Излегле на сладолед во балканска земја, а неочекувано платиле 140 евра

ГЕРМАНЦИ ШОКИРАНИ: Излегле на сладолед во балканска земја, а неочекувано платиле 140 евра

ГОЛЕМА ОПАСНОСТ: Во Атина пожар им се заканува на домовите

ГОЛЕМА ОПАСНОСТ: Во Атина пожар им се заканува на домовите

Мицотакис има „алатка за притисок“ за Скопје

Мицотакис има „алатка за притисок“ за Скопје

Харадинај денес патува во Хаг, утре судењето

Харадинај денес патува во Хаг, утре судењето

ОЧЕКУВАНО: Парламентот во Грција изгласа доверба на владата на Мицотакис

ОЧЕКУВАНО: Парламентот во Грција изгласа доверба на владата на Мицотакис

(ФОТО) Автомобил излета во море, луѓето го спасуваа возачот

(ФОТО) Автомобил излета во море, луѓето го спасуваа возачот