12 Декември, 2019
0.0167

Кавадарчани прават вино, серенади, но и многу пари: Кои се кавадаречките милионери?

Објавено во: Економија 21 Ноември, 2019

Кавадарчани се велемајстори за серенади и за правење вино и ракија. Но многу ги бива и за правење пари и тоа големи пари. Кавадарци има седуммина величествени – компании кои лани имале приходи кои надминуваат 340 милиони евра

Кавадарци е град на виното и серенадите, нај познатата староградска македонска музика. Родното место на бардот Никола Бадев и на ненадминливиот шмекер и поп пејач Зафир Хаџи Манов. Град во кој традиција е на секаков повод и собирање да се запее традиционална најубава македонска староградска песна. А песната не оди без вино и ракија. Кавадарци е центарот на македонската винска индустрија , срцето на Тиквешијата во која речиси и нема домаќинство кое не прави жолта ракија или домашно вино.

Но Кавадарци е и индустриски центар град на никелот и на челичната индустрија. А во последно време е дел е седиште на голема фабрика за делови од автомобилската индустрија стана точка на мапата на голема интернационална автомобилска корпорација која е снабдувач на големите светски автомобилски производители.

Кавадарчани пеат, прават вино и маџун, но знаат да прават и пари. Некои до нив се мега мајстори за правење пари и развивање бизниси на кои можат да им позавидат многу бизнисмени во земјава, но и во регионов.


Илија Гечев со неговата компанија ИГМ Трејд е македонскиот крал на челикот. Неговата компанија специјализирана за производство на челични заварени шавни цевки и профили, лимови и други челични производи. Лани оваа компанија е број еден во тиквешкиот регион, но една од најголемите фирми во Македонија. Приходот бил 131,2 милиони евра, а добивката на крајот на 2018 година бил 12 милиони евра. За целосно и прецизно информирање на јавноста оваа компанија е сопственост на Илија и Васка Гечеви.


Од аспект на остварени приходи најголем конкурент е странската гринфилд компанија „Дрексмајер“ која има приход од 67,7 милиони евра и профит од 3 милиони евра.


Во најголемата тиквешка тројка е странската аквизиција „Алајанс Уан“ компанија за откуп, преработка и извоз на тутун. Таа лани има приход од 50,1 милиони евра и добивка од 3,1 милиони евра.


Бизнисменот Лазар Мицев е сопственик на „Црна Река Петрол“ компанија од нафтениот бизнис (дистрибуција, транспорт и продажба на нафтени деривати) која лани успеала да оствари приход од 46,3 милиони евра. Добивката изнесува 660.000 евра.


На ред е најголемиот македонски винскибренд „Тиквеш“. По одлуката на менаџментот за префрлање на седиштето на компанијата во Кавадарци и оваа фирма ја засили кавадаречката економија. Лани „Тиквеш“ оствари приход од 27,5 милиони евра и добивка од 2,2 милиони евра.


Во големата кавадаречка бизнис – лига влегува и компанијата во која ко-сопственик е актуелниот градоначалник Митко Јанчев, а негов бизнис партнер е Јанинка Чупаровска. Нивната компанија „Кожувчанка“, еден од најголемите македонски брендови за минерална газирана вода и безалкохолни пијалоци лани имала приходи од 12,2 милиони евра и добивка што надминала половина милион евра.


Меѓу најголемите кавадаречки компании има и една градежна фирма. Тоа е бизнисот на кавадарчаните Никола Ќимов, Благој Наумов и Драган Тодоров. Нивната компанија се вика „Градба промет“ и лани остварила приходи од 8,7 милиони евра и добивка од 342.000 евра.


Во Тиквешијата голем бизнис прави и една фирма од помалиот град Неготино, но голем ривал на Кавадарци. Тоа е компанијата „Про Зденка кабли“ чија дејност е производство на електрични кабли. Лани оваа компанија остварила приходи од 11,7 милиони евра и добивка од 54.000 евра.

„ФЕНИ“ е изоставен од конкуренција заради специфичните негативни околности во кои оваа компанија работеше и и беше отворена предстечајна постапка во 2018 година.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Да се изгради гасно поврзување Струмица – Петрич, бараат македонските и бугарските бизнисмени

Да се изгради гасно поврзување Струмица – Петрич, бараат македонските и бугарските бизнисмени

Формирање на регионален енергетски пазар преку подобрување на енергетската поврзаност помеѓу Македонија и Бугарија

Формирање на регионален енергетски пазар преку подобрување на енергетската поврзаност помеѓу Македонија и Бугарија

УТРИНСКИ ФОКУС: Кои прилепски фирми ги прават најголемите пари

УТРИНСКИ ФОКУС: Кои прилепски фирми ги прават најголемите пари

Во Пробиштип денес се отвора инвестиција од 15 милиони евра

Во Пробиштип денес се отвора инвестиција од 15 милиони евра

Кој е најербап во Прилеп?

Кој е најербап во Прилеп?

НОСАТ ЛИ РИЗИК ПОВИСОКИТЕ ПЕНЗИИ: Светска банка предупредува - може да се поткопа одржливоста на пензискиот систем

НОСАТ ЛИ РИЗИК ПОВИСОКИТЕ ПЕНЗИИ: Светска банка предупредува - може да се поткопа одржливоста на пензискиот систем

Заев ја започнува акцијата „600 илјади багреми“ на автопат

Заев ја започнува акцијата „600 илјади багреми“ на автопат

Уште пред да влезе во сила, Законот за пазарџии заврши „неславно“

Уште пред да влезе во сила, Законот за пазарџии заврши „неславно“

Се укинува Законот за трговија на зелените пазари

Се укинува Законот за трговија на зелените пазари