29 Март, 2024
0.0254

Проектот на Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola продолжува

Кавадарци стана дел од големиот проект Coca-Cola Активни зони

Објавено во: Мои пари 18 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Кавадарци денес ја доби својата „Coca-Cola Активна зона“, а кавадарчани им се придружија на илјадниците граѓани што веќе уживаат во единаесетте атрактивни „Coca-Cola“ спортско-рекреативни зони отворени низ цела Македонија. Новото собирно место за кавадарчани од сите генерации е донација од компанијата „Coca-Cola“ и од Пивара Скопје, и е одлична локација за дружење, забава, рекреација и дополнително поттикнување на навиките за активен живот.

„Ми претставува особено задоволство што денес, во еден од најспортските градови во Македонија ја отвораме дванаесеттата по ред Coca-Cola Активна зона. Исправноста на нашата одлука за поставување на Coca-Cola Активна зона во Кавадарци, ја потврдува и големиот број на присутни денеска, дотолку повеќе што оваа зона доаѓа токму на барање на кавадарчани. Успешноста и резултатите од проектот се евидентни – за 3 години поставивме 12 Активни зони ширум Македонија, а секојдневно ни пристигнуваат нови барања за отворање на Активни зони и во другите општини. Преку платформата ‘Coca-Cola Активни зони’, освен што поттикнуваме иницијатива за активен начин на живот, спорт и рекреација, промовираме концепт со опсежни придобивки за целата заедница од аспект на инклузија на граѓаните од различни категории со ист интерес.И понатаму продолжуваме со проектот ‘Coca-Cola Aктивни зони’, па многу брзо се гледаме на нова локација со нова ‘Coca-Cola Aктивна зона’“, рече Владимир Косијер, Генерален директор на Пивара Скопје на денешното свечено отворање на „Coca-Cola Активната Зона“ во Кавадарци.

Кавадарци е дванаесеттата општина опфатена со овој проект, која им се придружува на општините Прилеп, Струмица, Охрид, Тетово, Штип, Куманово, Гостивар, Радовиш, како и на трите локации во Скопје ‒ на Кејот на реката Вардар, во Општина Гази Баба и Општина Чаир.

На отворањето присуствуваа голем број жители на општината што со нетрпение очекуваа да ги испробаат новите справи. За придобивките од зоната за кавадарчани и за соработката со Пивара Скопје, градоначалникот на Општина Кавадарци, г. Митко Јанчев рече:

„Од името на Општина Кавадарци и кавадарчани, им благодариме на Пивара Скопје и на компанијата Coca-Cola за донацијата и за тоа што излегоа во пресрет на барањата на кавадарчани, и Кавадарци да стане дел од овој голем и благороден проект, бидејќи на ваков начин се покажува и се докажува како на дело се негуваат долгорочните партнерства чии придобивки ги ползуваат сите граѓани. Ги поканувам моите сограѓани да ја чуваат и да ја негуваат оваа спортска зона што го краси нашиот град, затоа што таа сега е нивна и треба совесно и одговорно да се однесуваат кон неа. Општина Кавадарци работи уште на неколку проекти преку кои веруваме дека спортскиот дух уште повеќе ќе се развие, но и дека ќе овозможиме подобри услови за младите талентирани спортисти“.

„Coca-Cola Активните зони“ се сочинети од професионални фитнес-справи, кои се поставуваат на соодветни локации за слободна употреба на сите граѓани, и тоа 24 часа.Проектот „Coca-Cola Активни зони“ е дел од глобалната платформа на Пивара Скопје и на компанијата Coca-Cola, која се однесува на промоција на активниот живот, но и чинење добробит во заедницата преку инклузија на сите граѓани, со цел на сите еднакво да им се овозможи место за спорт, рекреација и дружење. Како дел од истата платформа, изминативе години Пивара Скопје заедно со компанијата Coca-Cola реализираа низа успешни проекти, меѓу кои „Coca-Cola фудбалскиот куп“, бесплатните паркиралишта за велосипеди, како и 11-те „Coca-Cola Активни зони“ за жителите од Прилеп, Струмица, Охрид, Тетово, Штип, Куманово, Гостивар, Радовиш и од Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ