КАЖЕТЕ ИМ НА ВАШИТЕ ВЛАДИ ДА ПРЕСТАНАТ ДА ГО ПОДДРЖУВААТ ОВОЈ РЕЖИМ ШТО УБИВА ДЕЦА - се јави директно внуката на ајатолахот
Објавено во: Свет 27 Ноември, 2022
Внуката на врховниот ирански верски водач, ајатолахот Али Хамнеи, опозиционер и познат активист за човекови права, ги повика странските влади да ги прекинат сите врски со Техеран поради насилното задушување на народните немири предизвикани од смртта на една млада Иранка во притвор на морална полиција.
Видеото од изјавата на Фарида Морадкани, инженер чиј покоен татко бил истакнат опозиционер и зет на Хамнеи, беше широко споделено на интернет откако опозициската новинска агенција ХРАНА објави дека Морадкани бил уапсен на 23 ноември, пренесува Ројтерс.
-О слободен свет, биди со нас. Кажете им на вашите влади да престанат да го поддржуваат овој смртоносен режим кој убива деца. Овој режим не е лојален на ниту еден религиозен принцип и не познава никакви правила, освен за сила и останување на власт – вели Морадкани во своето видео.
Агенцијата ХРАНА објави дека за време на двомесечните немири ширум земјата биле убиени 450 демонстранти, од кои 63 малолетни, дека животот го загубиле 60 припадници на безбедносните сили, а биле приведени 18.173 демонстранти.
(Танјуг)
Genuine courage https://t.co/mz8iWhTL9R
— Daniel Darling (@dandarling) November 27, 2022