29 Март, 2024
0.0461

Казината и автомат клубовите од Групацијата НОВОМАТИК и АПЕКС МК , ќе ги задржат сите 2000 вработени

Објавено во: Мои пари 01 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Групацијата НОВОМАТИК и АПЕКС МК како општествено одговорни компании потполно сме свесни за предизвиците со кои се соочуваат државните институции, приватниот сектор, но и целото општество. Последиците од пандемијата предизвикана од новиот коронавирус, COVID-19, најмногу се чувствуваат врз здравјето, но паралелно страда и економијата, што сакале или не, во опасност ги става и работните места.

Почитувајќи ги мерките пропишани од Владата на Република Северна Македонија, со цел да не се става во ризик здравјето на граѓаните, нашите автомат клубови и казина во земјава не вршат дејност.

Денес, ја користиме приликата да ја информираме јавноста дека нашите компании се меѓу првите кои сериозно го сфатија апелот на државата и апелот на нашите вработени за помош во овие тешки времиња. Бидејќи желбата за зачувување на колективното здравје и доброто на нашите вработени е поголема од неопходноста за профит и намалување на месечните буџети, длабоко свесни што значи кризата за секое семејство, ја информираме јавноста дека сите 1.700 вработени во Групацијата НОВОМАТИК (Адмирал, Астра и Казино Фламинго Хотел) и 250 вработени во компанијата АПЕКС, воопшто не треба да се грижат за своите работни места, и ги уверуваме дека за тоа ќе се бориме додека трае оваа криза.

Исто така, информираме дека денес предвремено ги уплативме сите давачки кон државата, како и бруто плата на вработените, сé со цел да излеземе во пресрет во оваа кризна ситуација.

Во овие тешки времиња, бевме меѓу првите кои не се двоумеа да се одзват на апелот на владата. Казино Фламинго Хотел-Гевгелија го стави целосно на располагање на државата својот објект со сите свои ресурси, со 17 апартмани и 42 соби, од кои една за лица со посебни потреби, кој веќе се користи како место за изолација или карантин според сите највисоки епидемиолошки стандарди,  донираше 2.000 кг. храна и понуди подготвување на 1500 оброци на ден.

Веруваме дека со овој наш потег директно ѝ помагаме на државата во борбата со справувањето со тешките последици од кризата од пандемијата со вирусот COVID-19. 


Можеби ќе ве интересира

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца