Казни за четири угостители во Струга, не ги почитувале здравствени протоколи
Објавено во: Македонија 09 Јули, 2020
Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против четири угостители од Струга и нивните управители затоа што не ги почитувале здравствените протоколи додека примале гости.
Послужувале гости спротивно на мерките, односно дозволиле на маса да седат четворица иако не се членови на едно семејство, послужувале гости во внатрешен дел од угостителските објекти, а и работеле по 22.00 часот, иако тогаш било воведено ограничување на работното време.
Управителите ќе платат казна од по 3.000 евра, додека угостителските објекти ќе бидат глобени по 5.000 евра