КЕЖАРОВСКИ ОД МАРШОТ: На 1 октомври нема да е мед и млеко, ама нема да е како во времето на фамилијата
Објавено во: Македонија 16 Септември, 2018
„Време е да се свртиме кон иднината, Македонија треба и мора да оди напред, а јас знам дека ние знаеме и умееме како.
Да му застанеме на патот на организираниот криминал и крадење, селективната правда, да ги запреме сиромаштијата и апатијата.
Евроатланските интергации ни се гаранција дека ќе имаме правда и правна држава.
Тоа е шанса секој човек во Македонија без разлика кој е, и од каде е да се чувствува правно и сигурно. Да нема страв дека поради различно мислење ќе го стават во затвор.
На 30-септември, јас ќе заокружам За , За промена кон подобро, За држава каква што посакуваме, За живот каков што посакуваме, За рамноправност и еднаквост на сите, За право, За мислам со своја глава, За доста е веќе вака.
Знам дека на 1 октомври нема да е мед и млеко, ама сепак сигурен сум дека нема да е она што беше наназад 27 години, особено не како што беше во годините на владеењето не на ВМРО ДПМНЕ, туку на фамилијата.
Многумина си заминаа со спомените, им ја украдоа иднината, им го убија достоинството“, рече Кежаровски кој прв се обрати на маршот “ИзлезиЗа европска Македонија#.
Тој додаде дека сестрано ќе се залага за членство во Европската унија, кој посочи дека не сака ни да размислува што ќе се случи со Македонија ако реши да одлучи да остане изолирана земја.
Но, кажа дека верува оти сограѓаните ќе излезат на референдумот За подобра иднина на нивните деца.