КФОР: Само преку УСТАВНИ ИЗМЕНИ до војска на КОСОВО
Објавено во: Балкан 07 Мај, 2018
Трансформирањето на Безбедносните сили во војска на Косово треба да се направи единствено преку уставни, а не законски измени. Ова за весникот „Зери“ го изјавил висок претставник на КФОР.
– Според официјалните претставници на КФОР, дури и кога се одлучува за трансформација на Безбедносните сили, не значи дека косовската војска веднаш ќе биде подготвена. Наместо тоа, како што велат официјалните претставници на оваа мисија, за тоа потребни се години -пишува „Зери“.
Од друга страна, премиерот Рамуш Харадинај вчера најави дека тие се до точка за постигнување политички консензус околу прашањето за војската.
Од Министерството на безбедносните сили потврдуваат дека се завршени сите активности околу Предлог законот за армија.