15 Април, 2021
0.0273

КХВ предупредува: Finance Group One нема дозвола да нуди услуги за инвестирање

Објавено во: Финансии 31 Март, 2021

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија вршејќи ја својата надзорна функција  утврди дека одреден временски период на граѓаните и на правните лица им се нудат нелиценцирани финансиски услуги за тргување во странство од страна на посредници кои немаат добиено дозвола за вршење на такви услуги, соопштија денеска оттаму.

Имено, како што соопштуваат Finance Group One https://financegroupone.com/ (овој назив правното лице го користи за контакт при нудење на овие услуги во Македонија), нема дозвола од КХВ да нуди услуги за инвестирање во странство на македонски резиденти

„Во таа смисла, КХВ ја предупредува јавноста дека ваквите активности се забранети со член 96 од Законот за хартии од вредност, според кој услуги со хартии од вредност можат да вршат само правните лица кои добиле дозвола од Комисијата за хартии од вредност. Дополнително, Комисијата има сознанија дека се нудат услуги за инвестирање надвор од државата преку бугарски правни субјекти:

·  GRAND EASTERN MARKET 

·  GRAND SPOT MARKET 

·  MARKET PROGRESS 

·  ALTERNATIVA BG 

GRAND RESEARCH 

·  FIN ENGINEERING INCOME 

За горенаведените, бугарскиот надлежен орган исто така нема дадено дозвола за работа, односно на веб страната https://www.fsc.bg/en/news/list-of-the-non-licensed-investment-intermediaries-by-fsc-10246.html  ги има претставено како субјекти кои нудат нелиценцирани услуги во Република Бугарија. Комисијата за хартии од вредност ги повикува и сегашните и потенцијалните инвеститори пред да носат одлукиза инвестирање детално да се информираат за ризиците и за легитимноста на правните и на физичките лица кои им нудат услуги, односно да проверат дали тие се лиценцирани субјекти за тоа во Македонија или пак во државата од која доаѓаат. Сите регулаторни органи, вклучително и Комисијата за хартии од вредност на своите веб страници имаат регистри на лиценцирани правни субјекти кои  можат да нудат услуги на инвеститори, стои во соопштението.

КХВ напоменува дека инвестирањето преку нелиценцирани правни лица претставува забрането дејствие кое како противзаконита активност подразбира сериозна закана со исклучително висок ризик, инвестираните средства никогаш да не им бидат вратени на лицата, бидејќи меѓудругото нема и регулаторни механизми за заштита.


Можеби ќе ве интересира

ЗА ОБЕШТЕТУВАЊЕ НА ШТЕДАЧИТЕ ОД ЕУРОСТАНДАРД - досега се исплатени 68 милиони евра

ЗА ОБЕШТЕТУВАЊЕ НА ШТЕДАЧИТЕ ОД ЕУРОСТАНДАРД - досега се исплатени 68 милиони евра

ГЛИГОРОВА ОД НБМ ЗА ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА БАНКИТЕ: Не му наштетија на банкарскиот систем и на депозитите, тие се во раст

ГЛИГОРОВА ОД НБМ ЗА ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА БАНКИТЕ: Не му наштетија на банкарскиот систем и на депозитите, тие се во раст

НОВ ЗАЕМ ОД 100 МИЛИОНИ ЕВРА - парите се за Развојната банка за евтини кредити за фирмите

НОВ ЗАЕМ ОД 100 МИЛИОНИ ЕВРА - парите се за Развојната банка за евтини кредити за фирмите

Генерали инвестментс: Берзите се туркаат на повисоко ниво поради плимата на ликвидност

Генерали инвестментс: Берзите се туркаат на повисоко ниво поради плимата на ликвидност

Халкбанк со поддршка од матичната банка од Турција ќе го зголеми капиталот за нови 20 милиони евра

Халкбанк со поддршка од матичната банка од Турција ќе го зголеми капиталот за нови 20 милиони евра