24 Април, 2024
0.0284

КХВ се сомнева дека ТЕ-ТО лажирал финансиски извештаи

Објавено во: Економија 05 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) ги проверувала документите во гасната централа ТЕ-ТО  и утврдила дека има основи за сомнеж дека сметководителот и независните ревизори постапиле незаконски кога ги објавиле извештаите за работењето на друштвото. Фактор дознава дека контролата е завршена, но поради тоа што Комисијата нема други надлежности за случајот, ги известила другите органи за понатамошно постапување. Откриените сомневања на КХВ впрочем ги потврдуваат тврдењата и на акционери на доверителот во ТЕ-ТО,  Топлификација, кои тврдеа дека ТЕ-ТО ги лажирал финансиските извештаи, во време пред отворањето на стечајната постапка на друштвото. Ова беа и клучните нивни аргументи дека ТЕ-ТО впрочем ги оштети кога го заврши процесот. За овој случај веќе има и истрага која ја потегна Управата за финансиска полиција која поднесе кривични пријави до Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал за неколкумина менаџери, нотарката и стечајниот во случајот поврзан со гасната централа ТЕ-ТО. Пријавите се за сомнеж за лажен стечај, злупотреба на службена положба и овластување но и перење пари во Македонија од трансакции за кои во Русија се водат истраги за криминал.

Според нивните сомнежи станува збор за испрани над седум милијарди денари или над 100 милиони евра. Финансискатаполиција потврди дека на ваков начин на Топлификација и е нанесена штета од над 720 милиони денари.

Доверителите и оштетени акционери тврдеа дека финансиските извештаи се лажирани, со што практично сега КХВ го потврдува тоа. Ова се случува во периодот по одлуката на Врховен суд од 2017 според која ТЕ-ТО АД Скопје, треба да исплати на Топлификација АД околу 6,3 милиони евра главен долг, а со камата околу 11,4 милиони евра.

„По правосилноста на одлуката на Врховниот суд ТЕ-ТО АД започнува со низа незаконски активности, а се со цел, преку лажен стечај да го спречи извршувањето на пресудата на Врховниот суд, што практично значи уништување на Топлификација АД Скопје, со неплаќање на над 34 милиони евра и да доведе до финансиски колапс на преку 2700 акционери –македонски фамилии што вложиле во хартии од вредност. Имено, со договор со главниот акционер во ТЕ-ТО АД, Битар холдингс лимитед (БХЛ) и ТЕ-ТО АД, се менуваат датумите на доспевање на заемите дадени од БХЛ во износ од 112 милиони евра, со што истите се прогласуваат за доспеани за 7 денови, иако во сите ревизорски извештаи за работењето на ТЕ-ТО АД од 2013 до 2017 година прецизно стои дека истите доспеваат за наплата во периодот од 2023 до 2032 година, тврдеа акционерите.

Допрва ќе се види како ќе се одвива случајот.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска