22 Септември, 2020
0.0384

КХВ: Укината дозволата на Дирекцијата на Еуростандард, пазарот останува стабилен

Објавено во: Економија 13 Август, 2020

Комисијата за хартии од вредност и ја одзема дозволата за работа за вршење услуги со хартии од вредност на Дирекцијата за услуги со хартии од вредност на Еуростандард банка. 

„Комисијата за хартии од вредност на  Република Северна Македонија на 77-тата седница со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р  Нора Алити, а што се одржа денеска на 13 –ти август, 2020 година на Еуростандард Банка АД Скопје - Дирекција за услуги со хартии од вредност трајно и ја одзема дозволата за работа за вршење услуги со хартии од вредност. Ваквата одлука, Комисијата ја донесе откако беше доставено известување и Решение од Народната Банка на РСМ за укинување на дозволата за основање и работење и исполнување на условите за отворање на стечајна постапка на Евростандард Банка АД Скопје“, соопшти Комисијата.

Поради овие новонастанати околности, Комисијата за хартии од вредност ги задолжи Македонската Берза АД Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје, Еуростандард Банка АД Скопје да ја исклучат од членство, така што Дирекцијата за услуги со хартии од вредност повеќе нема да врши услуги поврзани со работењето со хартии од вредност, односно нема да биде овластен учесник на пазарот на хартии од вредност.

Комисијата за хартии од вредност нагласува дека нашиот пазар на хартии од вредност  останува да биде стабилен, функционален и целосно ефикасен. Истовремено укажува дека трговските трансакции со хартии од вредност кои до укинувањето, односно одземањето на дозволата на банката биле склучени, ќе се реализираат во целост согласно важечките законски прописи и правила.

Клиентите кои услугите на пазарот на хартии од вредност ги остварувале преку Дирекцијата на Еуростандард Банка АД Скопје ќе можат да ги вршат преку другите овластени учесници на пазарот на хартии од вредност.

Можеби ќе ве интересира

НАРОДНА БАНКА: Раст на депозитите и на кредитната поддршка и во текот на август

НАРОДНА БАНКА: Раст на депозитите и на кредитната поддршка и во текот на август

ГОЛЕМА РАЗЛИКА: Дојденците во Германија земаат помали плати од Германците

ГОЛЕМА РАЗЛИКА: Дојденците во Германија земаат помали плати од Германците

Просечната нето-плата повторно над 27.000

Просечната нето-плата повторно над 27.000

ОД НОЌЕСКА ПОСКАПИ ГОРИВА - бензините одат нагоре за два денари, дизелот за половина денар

ОД НОЌЕСКА ПОСКАПИ ГОРИВА - бензините одат нагоре за два денари, дизелот за половина денар

Генералниот директор на ТАВ заминува од Македонија

Генералниот директор на ТАВ заминува од Македонија

ССК предлага 25 мерки за помош до државата

ССК предлага 25 мерки за помош до државата

ДИРЕКТОРОТ ВО ФОРБС, РЕНДАЛ ЛЕЈН, ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ФАКТОР: А зошто не би можел некој нов Фејсбук да никне во Македонија

ДИРЕКТОРОТ ВО ФОРБС, РЕНДАЛ ЛЕЈН, ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ФАКТОР: А зошто не би можел некој нов Фејсбук да никне во Македонија

Во Македонија ќе се регулира работењето од дома, но во 2021

Во Македонија ќе се регулира работењето од дома, но во 2021

ЛДП: „Викенд без ДДВ“ во наредните недели

ЛДП: „Викенд без ДДВ“ во наредните недели