Кичеец и пензионерката на која и легнале 720 илјади евра биле на распит
Објавено во: Македонија 19 Август, 2019
Утрово во скопското обвинителство на распит биле Зоран Милески Кичеец и пензионерката Лилјана Тодоровска.
Тие како што пренесе А1.он биле да дадат исказ за случајот „Рекет“.
Имено, Тодоровска е жената на чија сметка пристигнале 720 илјади евра од ГП Пелистер на Силјан Мицевски, а веднаш по вадењето на пари од банка, ќесата со евра и е земена од претставници на Меѓународниот сојуз Скопје на Боки 13.
Откако Бојан Јовановски беше уапсен таа се правдаше дека парите и биле земени уште во банка од ретставнциите на меѓународниот сојуз, но зесега е нејасно каде завршиле со оглед дека од проектот нема ништо.
Кичеец заедно со Бојан Јовановски се наоѓа во притвор веќе еден месец.