Кичеец ќе одлучи дали неговиот исказ ќе го видат Боки 13 и Јанева
Објавено во: Македонија 28 Септември, 2019
Зоран Милевски – Кичеец, осомничен во случајот „Рекет“ е тој што ќе одлучи дали неговиот исказ ќе им биде даден на увид на адвокатите на Бојан Јовановски и Катица Јанева, вели неговиот адвокат Александар Новаковски, пренесува „Алсат“ .
Адвокатот Александар Новаковски, кој го застапува Кичеец, објаснува дека насоките како ќе градат одбрана доаѓаат од неговиот клиент. Дополнително, според него, одбраната не мора по секој цена да биде идентична за сите осомничени во „Рекет“.
Кичеец е во домашен притвор, а Јанева и Јовановски се во притвор во Шутка.