24 Април, 2024
0.1378

КИФ-ДИХК проект за јакнење на капацитетите на коморите и поврзување на регионот

Објавено во: Економија 06 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Како одговор на регионалната економија и политичките случувања во регионот на Западен Балкан, особено во контекст на регионалното поврзување и процесот на интеграција во ЕУ, Коморскиот инвестициски форум со поддршка на Берлинскиот процес, креираше повеќегодишна агенда за поврзаност и регионална економска соработка . Повеќегодишниот акционен план за Регионална економска област на Западен Балкан (МАП РЕА), усвоен во рамки на Самитот за Западен Балкан во Трст, јасно ги идентификува и разјаснува клучните столбови за соработка за наредниот период.

Во контекст на спроведување на МАП РЕА, како една од клучните заложби на регионот, Коморскиот инвестициски форум има јасна цел за креирање континуиран, информиран и интерактивен дијалог меѓу владите и приватниот сектор преку:

1) постојан дијалог со различни структури во деловната заедница за идентификување на клучните потреби, со цел да се придонесе кон економскиот раст и создавање нови работни места;

2) обезбедување алатки за ефективно користење на можностите создадени со имплементација на регионалната економска област, како што се; размена на информации и know-how; обуки, семинари, работилници со странски експерти; градење на капацитети; креирање на корисни бази на податоци; вмрежување; имплементација на проекти и др.;

3) иницирање на јавно приватен дијалог и вмрежување на компаниите со високите структури во државите од регионот;

4) дигитализација на коморското работење но и помош при имплементација на дигитализацијата кај компаниите, и др.

25 ГОДИНИ КАНУФ МАКЕДОНИЈА – ЧОВЕЧНОСТ, ПАРТНЕРСТВО, ПРЕТПРИЕМАЧКИ ДУХ И ПОСВЕТЕНОСТВо насока на продолжување на активностите за креирање на единствена Регионална Економска Област и приклучување на регионот на Западен Балкан кон Европската Унија во рамки на Коморскиот инвестициски форум, минатата недела во Белград се одржа дводневна работилница за отпочнување на новите проектни активности во соработка со Асоцијацијата на германските комори за трговија и индустрија- DIHK.

Со имплементацијата на овој проект продолжува долгогодишната соработка со Асоцијацијата на германските комори за трговија и индустријаDIHK , преку кој Стопанската комора на Македонија заедно со останатите пет комори од регионот на Западен Балкан интензивно ќе работат на зголемување на капацитетите на коморите во насока на креирање нови и модифицирани услуги за помош на компаниите од регионот и поврзување на бизнис заедниците од Западен Балкан.

Во текот на наредните три години, во рамки на проектот ќе бидат спроведени активности за јакнеење на капацитетите на секоја од шесте комори од регионот индивидуално но и во рамки на КИФ, преку:

1) зголемување на регионалната соработка во делот на трговијата, инвестициите, мобилноста на стоки и луѓе и дигитализацијата;

2) создавање на заеднички услуги/производи во рамки на КИФ како што се; платформи за размена на информации, заедничка база на дистрибутери, креирање на производи и заеднички настап и промоција на пазарите на ЕУ;

3) секторски работилници за размена на знаења со инволвираност на експерти од регионот и странство;

4) инволвираност во политичкиот дијалог во насока на креирање политики за поврзување на регионот;

5) иницирање на јавно- приватниот дијалог со цел да се слушне гласот на бизнис секторот од страна на високите структури во државите од регионот.

25 ГОДИНИ КАНУФ МАКЕДОНИЈА – ЧОВЕЧНОСТ, ПАРТНЕРСТВО, ПРЕТПРИЕМАЧКИ ДУХ И ПОСВЕТЕНОСТДел од активностите планирани во рамки на проектот ќе започнат со имплементација од крај на 2019 година а истите ќе продолжат да се имплементираат и соодветно да се реализираат во текот на наредните три години.

м-р Сања Николова,
стручен соработник во Стопанската комора на Македонија

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?