20 Април, 2024
0.1104

КИФ и „Financial Times“ во Лондон го промовираат Западен Балкан како единствена дестинација за инвестиции

Објавено во: Мои пари 18 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Многупати претходно зборувавме за различностите и географските граници на секоја од земјите од Западен Балкан, но сепак и покрај сите тие различности, постои еден заеднички интерес. Историски гледано, економијата секогаш е таа која прва гради мостови за поврзување меѓу земјите, а меѓу државите од Западен Балкан постојат многу заеднички економски интереси коишто бизнис секторот може најбрзо да ги валоризира во подобри економски перформанси во секоја од државите и да доведе до подобар животен стандард. За постигнување значајни резултати за јакнење на економиите на шесте земји од Западен Балкан и што поскоро приближување кон пазарите на Европската унија, Коморскиот инвестициски форум (КИФ) активно работи на спојување на целиот регион и креирање единствена регионална економска област (РЕО).

Токму во насока на промоција на регионот на Западен Балкан како единствена регионална економска област и дестинација за инвестиции, денес, на 18 јуни 2019 година, во Лондон, Велика Британија, КИФ во соработка со „Financial Times“ го организираат овогодишниот Форум на Западен Балкан, со наслов: „Можности за инвестирање во брзорастечкиот регион“.

Регионот на Западен Балкан се соочува со зголемен раст и внатрешни инвестиции, а според Светската банка, стапката на економски раст на регионот достигна 3,8% во 2018 година и се предвидува да ја надмине онаа на ЕУ во просек од 3,7% за периодот 2019-2020 година.

Потенцијалот постои во различни сектори, како ИТ-секторот, финансии и услуги, земјоделство, автомобилски делови и туризам. Инвеститорите велат дека се привлечени од земјите што го сочинуваат регионот - Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија - поради макроекономската стабилност карактеризирана со ниска инфлација, низок буџетски дефицит и стабилен јавен долг.

Економиите во регионот го подобруваат деловното опкружување и нудат релативно ниски трошоци за работна сила и комунални услуги, во комбинација со поволен даночен режим. Но и покрај позитивните оценки, сепак остануваат предизвиците со натамошни реформи потребни за забрзување на администрацијата, подобрување на трговските текови, намалување на бирократијата и развивање на вештините на работната сила.

„Financial Times“ и Коморскиот инвестициски форум на земјите од Западен Балкан 6 го организираат Форумот на земјите од Западен Балкан, кој во времетраење од еден ден, преку презентации, дискусии и дијалози со високи претставници на владите од регионот, ќе ги презентираат можностите за инвестирање во регионот. Гостите ќе имаат можност да ги слушаат и да се поврзат со политичките лидери и креатори на политиките, бизнис-лидерите кои инвестираат во регионот, како и консултантите, економистите и функционерите од меѓународните финансиски институции.

На денешниот настан свое обраќање ќе имаат и премиерот Зоран Заев, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев, премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, премиерот на Албанија, Еди Рама , претставници од Светската банка и др. Покрај претставниците на политичкиот сектор, на настанот ќе присуствуваат и ќе се обратат и претседателите и претставници од шесте комори на Западен Балкан со претставниците од бизнис-секторот од секоја од шесте земји.

Повеќе информации во врска условите и поволностите за инвестирање, во регионот на ЗБ6, како единствена дестинација за инвестирање, можете да најдете на КИФ „онлајн“ инвестициската платформа– Регионална инвестициска платформа(www.investinsee.com). На платформата можат да се обезбедат и одговори на конкретните прашања на бизнис-заедницата заинтересирана за инвестирање во земјите од Западен Балкан, вклучувајќи база на податоци за макроекономските показатели, правната рамка, пазарот, финансиските и други стимулации, потенцијалните партнери и добавувачи, како и конкретни проекти во кои може да се инвестира.


м-р Сања Николова, 
стручен соработник во Стопанската комора на Македонија

Можеби ќе ве интересира

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни