25 Април, 2024
0.0277

КИФ: Повеќегодишен план за регионална економска соработка

Објавено во: Економија 23 Април, 2019

Добивај вести на Viber


Интензивирањето на заедничката соработка со претседателите на шесте комори од Западен Балкан започна со една од клучните поенти на еден од „татковците на Европската унија“ Жан Моне, дека зад различностите и географските граници лежи заеднички интерес. Историски гледано, економијата секогаш е таа која прва гради мостови на поврзување меѓу земјите, а меѓу државите од Западен Балкан постојат многу заеднички економски интереси коишто бизнис секторот може најбрзо да ги валоризира во подобри економски перформанси во секоја од државите и подобар животен стандард.


По официјалното основање на Коморскиот инвестициски форум, следуваше отворањето на канцеларијата на постојаниот секретаријат на КИФ во Трст во 2017 година и отворањето на регионална канцеларија со седиште во Подгорица на почетокот на 2019 година. Овие две канцеларии функционираат како главна поддршка на бизнис заедницата во регионот задолжени за реализација на заеднички проекти но и следење на преземањето на чекори во секоја од Коморите од регионот поединечно, активности кои се дел од Повеќегодишниот план за создавање регионална економска област на Западен Балкан. Интенцијата е, сите дефинирани проекти во рамки на КИФ да условат подигнување на нивото на инвестиции, конкурентност, слободно движење на работната сила.


Со цел интензивирање на соработката во тек е спроведување на повеќегодишниот план со конкретни задачи за кои секоја од коморите во шесте земји членки на КИФ, индивидуално имаат преземено обврска за реализација. Истовремено се споревдуваат и заеднички активности за јакнење на регионот и придвижување на земјите од Западен Балкан кон Европската унија.


Во насока на реализирање на започнатите активности и имплементација на регионалните проекти, во канцеларијата на постојаниот секретаријат на КИФ во Трст, се  одржува седница на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум, како и координативен состанок на националните координатори на КИФ од шесте комори од земјите на Западен Балкан. На состанокот учествува и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, во функција на потпретседател на Коморскиот инвестициски форум.

Активностите преку проектите кои се или ќе бидат имплементирани преку Коморскиот инвестициски форум се базираат на неколку клучни прашања:

-  зголемување на конкурентноста на компаниите од регионот, преку заедничко учество на саеми и други настани од меѓународен карактер, креирање на заеднички производи и услуги и синџири на снабдување, за полесен настап на пазарите на ЕУ и заеднички настап на трети пазари;

-  поддршка на процесот на дигитална трансформација на компаниите, преку сертифицирање консултанти за дигитализација;

-  креирање пакет услуги за поддршка и поттик на извозните компании од регионот на Западен Балкан;


-  воведување на системот на дуално образование, во насока на обезбедување квалификуван кадар согласно потребите на компаниите и обезбедување услови за регионална мобилност;

-  вмрежување на институционално ниво - формирање Министерство за регионален развој во секоја од земјите на Западен Балкан;

-  воспоставување Арбитражен суд на регионално ниво и формирање  кредитни бироа за полесен пристап до финансии на компаниите од земјите на Западен Балкан.

Имплементацијата на регионалните проекти се реализира со поддршка на Европската комисија, Германија, Австрија и Јапонија, коишто, покрај финансиска помош, ќе учествуваат и со пренесување на своите експертизи, знаења и добри практики.

м-р Сања Николова


Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?