Ким Јо Џонг: важна фигура во Севернокорејската политика
Објавено во: Свет 11 Февруари, 2018
Појавувањето на Ким Јо Џонг на Зимските олимписки игри вo Пјонгчанг ја разбранува јавноста. Таа претставува клучна фигура и моментално мост за одредени пораки помеѓу Северна и Јужна Кореја.
Имено, се шпекулира дека нејзиното присуство таму е за да пренесе порака од својот брат, Ким Џонг Ун, севернокорејскиот лидер кој ги води тајните на севернокорејската државно-партиска хиерархија.
Таа на почетокот на својата кариера била заменик директор на секторот за пропаганда на владејачката Работничка партија, за во октомври минатата година да стане заменик на Политбирото, највиското тело кое донесува одлуки.
Интересно е да се каже дека за Северна Кореја се многу важни семејните односи, па затоа и Ким Јо Џонг добива толку силни и важни улоги како шефица на кабинетот на Ким Џонг Ун, таа го надгледува пристапот на врховните лидери, ги утврдува јавните обврски на својот брат, а честопати се појавува и место него.
Во јануари, САД ја става на црната листа на луѓе и забранува секаков контакт со неа. Причина за тоа е кршење на човековите права во Северна Кореја. Сепак, оваа одлука е повеќе симболична, таа не се наоѓа на листата на која на некои граѓани од Северна Кореја им е забрането да патуваат во странство.