КИМ САКА ДА ГИ ОБЕДИНИ ДВЕТЕ КОРЕЈИ: Што ова би значело за светот?
Објавено во: Свет 14 Февруари, 2018
Според американскиот адмирал, Хари Харис Џеј Ар целта на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун е обединување на Корејскиот полуостров под својот тоталитарен режим.
Тој објаснува дека нуклеарниот арсенал на Ким не му е потребен само за заштитата на својот режим, туку за обединување на двете Кореји под единствен комунистички систем.
Адмиралот вели дека било какви преговори со Северна Кореја мора да бидат фокусирани на отстранување на нуклеарното оружје од Полуостровот.
Важно да се постигне топла клима на помирување и дијалог, изјави деновиве севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун по разговорите со високата делегација, која во неделата се врати во земјата по тродневната посета на Јужна Кореја.