КИНА И ЗАДАДЕ УДАР НА АМЕРИКА: Како одговор на Трамп запрено купување на овие производи
Објавено во: Свет 06 Август, 2019
Кинеските компании го запреа купувањето на земјоделски производи од САД. Ова денеска го соопшти официјалната новинска агенција на Кина, како одговор на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе дополнителни царини од 10 отсто на скоро целиот увоз од Кина од 1 септември.
Трамп објави дека САД од 1 септември ќе воведе дополнителна царина од 10 отсто на увозот на кинеските производи вредни околу 300 милијарди долари.
Во трговската војна со Кина, САД претходно воведоа царини на увозот на кинески производи вредни 250 милијарди долари. Пекинг возврати на царините на американските производи вредни 110 милијарди долари, пред се насочени на земјоделски производи , што било директен удар на следбениците на Трамп меѓу земјоделците.
Кина „не отфрла привремена можност за воведување на дополнителни царини на земјоделските артикли од САД за трансакции заклучени после 3 август, а кинеските компании престанале да ги купуваат тие производи“ соопштила кинеската новинска агенција, цитирајќи соопштение на кинеското министерство за трговија и комисија за национален развој и реформи.