Кина ја зајакна контролата на интернетот!
Објавено во: Свет 21 Декември, 2012
Со одлука дополнително да го зајакнат Големиот кинески „фајервол“ (Firewall), кинеските власти предизвикаа нов бран на незадоволство и загриженост меѓу странските компании. Големиот кинески „фајервол“, општинационален Интернет филтер за информации, го зајакна својот фокус на виртуелните приватни мрежи (ВПН), кои најчесто се користат за заобиколување на контролата на сајтовите кои Владата ги смета за закана.
Со користењето на прокси сервери лоцирани во странство и енкрипција на податоци, ВПН дозволува на корисниците да пристапат на сајтови кои се блокирани од кинеската влада, меѓу нив и Фејсбук и Твитер.