20 Април, 2024
0.0256

КИНА МУ ВРАТИ НА БАЈДЕН - Не не потценувајте и престанете да му помагате на Тајван

Објавено во: Свет 23 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Кина го повика Џо Бајден „да не ја потценува“ нејзината „цврста решеност да го заштити својот суверенитет“, обраќајќи му се на американскиот претседател кој претходно вети дека ќе употреби сила во случај на кинеска инвазија на Тајван.

Бајден во Токио потенцираше дека САД воено ќе го бранат Тајван во случај на инвазија на Пекинг на автономниот остров, предупредувајќи дека Кина „флертува со опасност“ со своите воени маневри и дека САД ќе го бранат Тајван од евентуален кинески напад.

-  Веднаш бараме од САД да избегнуваат испраќање лоши сигнали до силите кои се залагаат за независност на Тајван - изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, пренесува српски „Мондо“.

Тајпеј, ја поздравува пораката на Бајден околу можноста Вашингтон воено да го брани Тајван во случај Пекинг да го нападне островот, кој Кина го смета за дел од својата територија.

Министерството за надворешни работи на Тајван му се заблагодари на Бајден што ја потврдил неговата посветеност, додавајќи дека владата ќе продолжи да ја зајакнува одбраната и да ја продлабочува соработката со земји како САД и Јапонија за одржување на безбедноста.

Во Токио, Бајден разговараше со премиерот Фуми Кишид, кој на заедничка прес-конференција рече дека двете земји силно се спротивставуваат на обидите да се промени статус кво состојбата во Источното Кинеско Море и Јужното Кинеско Море со сила. Бајден не пропушти да ја спомене Русија, која, според него, треба да ја плати цената „на долг рок“ поради нејзините „варварски акти во Украина“, во однос на санкциите што ѝ ги наметнаа САД и нивните сојузници и како пример за што може да се случи со Кина.

-  Не се работи само за Украина. Затоа што ако санкциите не се задржат во многу аспекти, каков сигнал би испратил тоа до Кина за цената на обидот да се заземе Тајван со сила - рече Бајден.

Можеби ќе ве интересира

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато