Кина се бори со поплави, патници се „заробени“ во водата
Објавено во: Свет 20 Јули, 2021
Поплави има во Кина, при што се појавија снимки од луѓе „заробени“ во метро со вода до појас.
Поплави има во централниот дел на Кина. Надојдената вода го поплави метрото во градот Џенгџоу. Автомобили пливаат на поплавените улици.
Храмот Шаолин, познат по боречките вештини на будистиките монаси е оштетен во поплавите.
Засега нема информации за евентуални човечки жртви. Над 10.000 жители на провинцијата Хенан се преместени во засолништа. Во Кина често има поплави во текот на летните месеци.