Кинеската дадилка-ѓавол погубена, Кинезите се прерадуваа
Објавено во: Свет 24 Септември, 2018
Дадилка во Кина е погубена според смртната пресуда, откако поради бизарна причина предизвика пожар во домаќинството каде што работела и ги запалила мајката и трите деца кои ги чувала.
Таа намерно го запалила огнот, со умисла подоцна да го изгасне и да се прикаже како херој.. Дадилката (35) наводно имала големи коцкарски долгови и се надевала дека со спасување на семејството од огнот ќе ги убеди да и дадат повеќе пари
Наместо тоа, огнот кој избил во станот на 18-ти кат ги усмртил мајката и трите деца, кои имале шест, девет и единаесет години, јавува Би-Би-Си, а дадилката-монструм побегнала откако видела дека не може лесно да го изгасне.
Таткото на децата, за време на несреќата бил на работа. Веста за смртна казна предизвика бројни реакции на кинеската верзија на Твитер, кои порачаа: „Ѓаволот конечно е погубен“.