(ВИДЕО) ГОЛЕМ УСПЕХ ЗА ЧОВЕШТВОТО: Кинезите слетаа на темната страна на Месечината
Објавено во: Свет 03 Јануари, 2019
Кинеската сонда „Чанг Е-4“ успешно слетал на темната страна на Месечината, објавија кинеските медиуми. Тоа е првото успешно меко слетување на темната страна на Земјиниот природен сателит во историјата на човештвото.
Сондата, на која се наоѓаат возила за истражување, лендер и ровер слетаа на однапред одредена локација на 177,6 степени источна географска должина и 45,5 степени јужна географска ширина на далечната страна на Месечината во 10 часот и 26 минути по пекиншко време, соопшти Кинеската национална вселенска агенција.
China's Chang'E-4 probe landed on the farside of the moon about one hour ago. Congratulations!
The video shows the landing sequence of the Chang'E-3 probe. pic.twitter.com/Zg3KMkxrF2
Со помош на комуникацискиот сателит „Чуелијао“, сондата испрати прва фотографија од далечната страна на Месечината, што е ново поглавие во истражувањето на природниот сателит на Земјата.
Сондата „Чанг Е-4“ беше лансирана на 8 декември минатата година.