19 Април, 2024
0.0284

Кирацовски и Филипче први на удар на метлата на Заев

Објавено во: Македонија 08 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Александар Кирацовски, генералниот секретар на СДСМ, треба да е прв на удар на „метлата“ на Зоран Заев, покажа он лајн анкетата која Фактор ја направи во претходните два дена. За тој период својот глас го дадоа вкупно 6.886 читатели од кои дури 29 отсто или 1.989 гласа доби Кирацовски. Но разликата меѓу него и второпласираниот не е голема. Венко Филипче, министерот за здравство, судејќи по оваа анкета треба да е, исто така, меѓу првите кои треба да бидат заменети. За Филипче гласале 1.719 луѓе или 25 отсто од читателите кои се изјасниле. На третото место е вицепремиерот Кочо Анѓушев кој има 1.031 глас или 15 отсто од сите.

Фактор ја постави оваа анкета веднаш по изборите. Стручната јавност на СДСМ му порача уште по првиот круг дека треба да се фокусира поагресивно кон работата, а самиот лидер Зоран Заев неколкупати рече дека ќе „игра метлата“ алудирајќи дека некои од поставените функционери треба да си одат. Како што објавивме има многу носители на функции, директори, заменици директори, па и градоначалници кои не сработеа според очекуваното. Во анкета сепак се избираше меѓу осуммина, повеќето министри. 


Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи доби 9 отсто од гласовите или дека тој треба да биде сменет прв, се изјасниле 643 луѓе. По седум отсто од гласовите имаат Драган Тевдовски, министерот за финансии и Јани Макрадули, заменикот министер за животна средина и просторно планирање, но Тевдовски е со повеќе гласови. Тој има 504, а Макрадули 455 гласа. Шест отсто доби Горан Сугаревски, министерот за транспорт и врски, додека дека Рената Дескоска, министерката за правда треба да си оди меѓу првите мислат само два отсто од граѓаните кои гласале. Таа добила 151 глас.

Ова изјаснување е само еден поглед кон расположението на граѓаните. За Кирацовски реагираше и Државната комисија за спречување на корупцијата која утврди дека во случаи кога во државни институции биле вработени негови блиски, сепак имало влијание. Кирацовски потоа објави дека од Централен регистар ќе се повлече неговата сестра Мирјана Јосифовска и мајката на неговата сопруга од домот Мирка Гинова во Битола. За нив според ДКСК биле „штелувани“ конкурсите во институциите каде добиле ново вработување. 

На министерот Филипче му остана дамката со спорниот тендер за реагенси и другите набавки во Министерството.

Како и да е, деновиве треба да има каков било исход од метлата на Заев, оти само така граѓаните ќе бидат сигурни дека определбата за реформирање е силна. 

Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож