25 Април, 2024
0.0970

Кирацовски ќе го донесе Јовески на дебата за законот за обвинителство

Објавено во: Македонија 25 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Јавна дебата за законот за Јавно обвинителство ќе има, и на неа ќе присуствува државниот обвинител Јовески.

Пратеникот од СДСМ Александар Кирацовски вели дека неодговорниот однос на преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ кон приоритетни и општествено важни прашања, како законот за Јавно обвинителство, мора да запре.

„Неопходно е да се надминат тесно-партиските интереси и стравови кои опозицијата ги има од донесувањето на ова законско решение, затоа што постои нешто поважно од истите, а тоа е иднината на граѓаните и европската перспектива заснована токму на вакви закони. Синоќешното барање на претставниците од опозицијата да се одложат преговорите за законот, поради потребата од присуството на актуелниот Јавен обвинител (барање кое можеше да биде номинирано од почетокот на преговорите) е само уште едно проѕирно алиби за бегство од соочување со фактите и донесување на законот пред распуштање на Собранието“, пишува пратеникот на профилот.

Според него, на јавноста и е повеќе од јасно дека главната пречка која опозиционата ВМРО-ДПМНЕ ја има околу евентуалното прифаќање на овој закон се надлежностите во поглед на гонењето на кривичните дела кои произлегуваат од прислушуваните разговори. 

„Сепак, ние мора да направиме се за да ги извадиме на мегдан нивните задни намери и уште еднаш да докажеме дека актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е всушност истата груевистичка матрица, работејќи единствено во заштита на инкриминираните во аудиоснимките“, пишува Кирацовски.

Во тој контекст, тој како Претседател на комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, најавува Јавна расправа во Собранието, која ќе се одржи на 28 јануари (вторник) во 14 часот во собраниската сала „Борис Трајковски“, а ќе биде насловена: „Јавното обвинителство како ефикасен орган во борба против корупцијата“

„На јавната расправа, покрај политичките претставници кои се учесници во преговорите за законот, министерството за правда, домашни и странски експерти, заинтересирани страни и познавачи на оваа проблематика, ќе биде поканет и актуелниот Јавен обвинител, господинот Љубомир Јовески, кој впрочем најави учество доколку се организира отворена јавна дебата. Покрај реформата на правната рамка на јавното обвинителство, учесниците ќе можат да дискутираат за сите актуелни предизвици и проблеми во правосудниот систем особено за причините и одговорностите за неказнивост, одолговлекување на судските постапки и слични аспекти, со единствена цел еднаш конечно во нашата Македонија правдата и праведноста да владеат пред се и над се!“, напиша Кирацовски.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

„СО ПУШКА ДОЈДОА НА ВЛАСТ, СО ПЕНКАЛО ДА ГИ ОТЕРАМЕ НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА“ - Стојанче Ангелов бара општа мобилизација за „Твоја Македонија“

„СО ПУШКА ДОЈДОА НА ВЛАСТ, СО ПЕНКАЛО ДА ГИ ОТЕРАМЕ НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА“ - Стојанче Ангелов бара општа мобилизација за „Твоја Македонија“