20 Април, 2024
0.0278

Кирацовски: Поднесувам предлог-закон по ослободувањето на Груевски од „Траекторија“

Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Александар Кирацовски, пратеникот од СДСМ, објави дека во Собранието ќе поднесе предлог-законско решение со кое кривичните дела нема да застаруваат, како во случајот со поранешниот премиер Никола Груевски, актуелен азилант во Унгарија, кој беше ослободен од кривична одговорност за предметот „Траекторија“.

Токму затоа, како пратеник во Собранието на нашата Македонија, поднесувам Предлог Закон со кој кривичните дела сторени од избрани и именувани функционери нема да застаруваат. Ќе побарам поддршка од сите 120 колеги пратеници да се приклучат кон ова законско решение и заедно во најбрз можен рок истото да биде изгласано и применето во позитивните законски прописи во државата. „Знам дека после се што се случува во нашата држава, ова може ќе звучи иронично, но ПРАВДА МОРА ДА ИМА!“, најавува поранешниот генерален секретар на СДСМ.

За Кирацосвки судството и натаму е корумпурано и тоа го засилува моментот кога јавноста се дразни на тоа кога некој ќе биде ослободен од кривична одговорност и нема да добие правосилна пресуда, како во случајот со Груевски.

„Спасувањето на Никола Груевски од кривичен прогон во случајот „Траекторија“ е токму таква ситуација која не смее да се дозволи и да се испушти од вид, туку треба да се предвиди и превенира, особено ако се има во вид крајно корумпираното судство (со чесни исклучоци), подготвено да биде на услуга на екс политичкиот кадровик во судскиот систем.

Бегството во Унгарија и застарувањето на ова дело, (Траекторија), поради истекување на рокот од шест години, без правосилна пресуда, од јавноста се прочитани како спас на симболот на криминогеното политичко подземје за време на неговото владеење, Никола Груевски, луксуз кој не смееме да си го дозволиме ни сега ниту во иднина“,пишува Кирацовски на својот профил на „Фејсбук“.


Можеби ќе ве интересира

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан