22 Август, 2019
0.0229

Кирацовски влезе во војна со бизнисменот Азманов

Објавено во: Македонија 24 Јули, 2019

Пратеникот од СДСМ, Александар Кирацовски, влезе во војна со градежниот инвеститор Зоран Азманов откако овој јавно во интервју го обвини дека наводно бил рекетиран од поранешниот генерален секретар на владеачката партија.

„Трендот на лажни вести мора да запре. 
На хаосот од инсинуации кои ја искривуваат вистината мора да се стави крај. За лагите и клеветите (на ниво на глупости), кои господинот Зоран Азманов ги искажа во интервјуто за извесен портал, ќе добие соодветна тужба, секако после шансата да се извини. Демократија Да, анархија од лаги и измислици Не!“, напиша Кирацовски доцна синоќа на својот профил на Фејсбук.

Бизнисменот Азманов претходно во интервју за Инфомакс посочи разговор според кој Кирацоски е фактор што одлучувал за објавување на негови лични фотографии на портали: Реагирал до порталот да избрише објавени прилози, кои според сопственикот на „Настел“ биле невистини, но уредникот му пренесол дека не може ништо да избрише додека не му каже Кирацовски, раскажува Азманов во интервјуто.

По објавата на интервјуто со Азманов сопственикот на порталот Доказ негираше дека Кирацовски ги контролирал содржините на неговиот портал и најави тужба за тие што така тврдат.

Сега вели дека објавите против него на 1ТВ биле платени од негова конкуренција.

– Боки 13 не можел да изрекетира ниту едно центче од било кого ако зад него не стоеле поединци од институциите на власта кои треба да го бркаат таквиот криминал и луѓе на високи позиции во власта – рече Азманов.

Додаде дека му биле нудени бизниси од претходната власт за „Скопје 2014“, но не ги прифатил.


Можеби ќе ве интересира

Заев побара пратениците веднаш да го донесат новиот Закон за јавно обвинителство

Заев побара пратениците веднаш да го донесат новиот Закон за јавно обвинителство

Заев со еден од предложените кадри дава простор и на бошњачката заедница

Заев со еден од предложените кадри дава простор и на бошњачката заедница

Заев по ЦО на СДСМ порача: Верувам дека нема грешки кај високи функционери на СДСМ

Заев по ЦО на СДСМ порача: Верувам дека нема грешки кај високи функционери на СДСМ

ФОКУС НА ДЕНОТ: По погребот во Гевгелија, Јанева останува во Шутка, за Заев СЈО е обезглавено

ФОКУС НА ДЕНОТ: По погребот во Гевгелија, Јанева останува во Шутка, за Заев СЈО е обезглавено

Жалбата е отфрлена, Јанева останува во затворот Шутка

Жалбата е отфрлена, Јанева останува во затворот Шутка

Во Тетово запленета голема количина марихуана

Во Тетово запленета голема количина марихуана

ПОЖАРИ: Гори во Гостивар, во Дебар изгоре штала и добиток , во Кратово повредена жена

ПОЖАРИ: Гори во Гостивар, во Дебар изгоре штала и добиток , во Кратово повредена жена

На Централниот одбор на СДСМ ќе се расправа и за „Рекет“

На Централниот одбор на СДСМ ќе се расправа и за „Рекет“

Голем пожар кај ветерниците во Богданци

Голем пожар кај ветерниците во Богданци