26 Јуни, 2019
0.0229

Кирил Колемишевски нов главен извршен директор на Македонска банка за поддршка на развојот

Објавено во: Економија 17 Мај, 2019

Кирил Колемишевски е поставен за нов главен извршен директор на Македонска банка за поддршка на развојот АД Скопје.

Оваа информација е објавена на сајтот на Македонска берза а во соопштението се посочува дека оваа одлука е донесена на седницата на Надзорниот одбор на Банката одржана на 15 мај, пред два дена.

„На седницата на Надзорниот одбор на Банката одржана на 15.05.2019 година е донесена Одлука бр.02-1268/1 за именување на лицето Кирил Колемишевски за вршител на должност член на Управен одбор главен извршен директор на Македонска банка за поддршка на развојот АД Скопје.

Мандатот на вршителот на должност член на Управен одбор — главен извршен директор е со почеток од 15.05.2019 година, а истекува со денот на добивање на согласност од страна на гувернерот на Народна банка на Република Северна Македонија за именување на член на Управен одбор на банката — главен извршен директор“, пишува во одлуката.

Со уписот на Кирил Колемишевски за вршител на должност главен извршен директор во трговскиот регистар се брише Драган Мартиновски главен извршен директор поради истек на мандат.

Кирил Колемишевски  на јавноста и е многу повеќе познат како член на бендот „Нокаут“ а и искусен адвокат кој се занимава со стопанско право. 

Можеби ќе ве интересира

Од јули Србите ќе плаќаат поскап бензин, гас и струја заради енергетска ефикасност

Од јули Србите ќе плаќаат поскап бензин, гас и струја заради енергетска ефикасност

Македонија добива милијарда евра од емиграцијата, странските пензии зголемени за два и пол пати

Македонија добива милијарда евра од емиграцијата, странските пензии зголемени за два и пол пати

Градови каде се заработува сума од шест цифри, а не се живее богато

Градови каде се заработува сума од шест цифри, а не се живее богато

Eдна земја ја собори цената на нафтата

Eдна земја ја собори цената на нафтата

Кои домашни компании го мерат ефектот од општествено одговорните проекти

Кои домашни компании го мерат ефектот од општествено одговорните проекти

Реакција на РЕК Битола: Не сме ние, ЕСМ го води тендерот за набавка на наша механизација

Реакција на РЕК Битола: Не сме ние, ЕСМ го води тендерот за набавка на наша механизација

Германската економија паѓа - кои фактори ја уриваат?

Германската економија паѓа - кои фактори ја уриваат?

Се бара ребаланс: Капиталните трошења катастрофални и во мај

Се бара ребаланс: Капиталните трошења катастрофални и во мај

Креирање нови економски перспективи - КИФ на Самитот на Западен Балкан во Познањ

Креирање нови економски перспективи - КИФ на Самитот на Западен Балкан во Познањ