29 Март, 2024
0.0263

Кирил Лазаров: Тука сме сите исти без разлика од каде доаѓаме

Објавено во: Мои пари 21 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Вчера во Охрид стартуваше четвртото издание на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“ со традиционален пречек на 150 кампери од страна на капитенот на македонскиот национален тим, Кирил Лазаров. Следните две недели повеќе од 300 момчиња и девојчиња од осум земји ќе се едуцираат, дружат и забавуваат со најдобриот македонски спортист и неговиот тим тренери и предавачи.

„Среќен сум што и оваа година Ве гледам во голем број. Меѓу Вас има деца кои се наши редовни кампери но гледам и многу нови дечиња. Концептот на овој проект е дека сите ние без оглед на возраста, познавањето на ракометот и местото од каде доаѓаме сме еднакви и фукнкционираме како семејство. Се надевам дека и оваа година ќе го поместиме границите на добра организација и дека секое дете од кампот ќе си оди со убави спомени. Се потудивме и оваа година децата да работат со најдобрите македонски тренери, со тренери од странство и со предавачи признаени во нивните области.“ - Кирил Лазаров.
Покрај ракометот, кој ќе биде застапен со двојна програма во текот на денот нашите кампери ќе имаат можност да учат пливање со лиценцирани едукатори, предавање за здрава исхрана со Проф. д-р Ванчо Поп Петровски и спортска психологија со Проф. Д-р Ленче Алексовска. Во двете смени наш гостин ќе биде четворократниот олимпиец Лазар Поповски кој со својот тим ќе им овозможи на најмладите тренинг по кајак, а веќе традиционално едно попладне е резервирано за прошетка со брод и запознавање со убавините на Охрид.

И оваа година ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“ ќе се реализира во комплексот „Аквалина“ на брегот на прекрасното Охридско Езеро од 20 Јуни  до 02 Јули.



Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија