21 Март, 2023
0.0225

Кирил Лазаров: Во иднина да се проектира и автопатско решение кон Бугарија

Објавено во: Економија 28 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Претседателот на Македонско-Бугарската стопанска комора Кирил Лазаров ја поздрави владината најава дека во 2021 год ќе вложи 50 милиони евра за патно поврзување со Бугарија, а дополнително на тоа побара и автопатско решение во иднина за да се развијат целосно економските однсои со источниот сосед.

-Станува збор за многу поголема композиција на инвестиции од 50 милиони евра во наредните години, станува збор за геостратешко инфраструктурно, економско и енергетско поврзување преку коридорот 8. Во поширока слика поврзување на пристаништата на Црно Море со пристаништата на Јадранско море. Поврзувањето ќе биде со инвестиции во автопатни или експресни патишта и железници, со што според некои економски меѓународни проценки е дека бруто инвестициите во Албанија, Македонија и Бугарија ќе пораснат за над 35%.

Затоа е клучно да се забрзаат инфраструктурните проекти како железницата према Бугарија, експресниот пат од Куманово, односно Крива Паланка, Ранковце па до граничен премин Деве Баир, и проектирање на нов приклучок од Струмица кон граничен премин Ново Село, магистрала која ќе биде премногу важна на пример Скопје – Штип – Радовиш – Струмица и излез кон Ново Село, ќе ги спои коридорот 10 со коридорот 8 во тој правец. Ние како комора сугерираме во иднина да се проектира и автопатско решение кон Бугарија и секако кон Албанија за да има смисла коридорот 8 во целина, вели бизнисменот во денешното интервју за „Локално“.

Лазаров смета дека постојат тенденции на ризици ако во наредните месеци не го решиме спорот со Бугарија и дека политичката атмосфера ќе се одрази и кон економијата, но дека сега е уште рано за било какви сериозни анализи.

- Економската стагнација заради пандемијата е разорна и таа во целина ги менува бројките и не може со прецизност да ги утврдиме последиците и од политичките контексти, но на почетокот на 2020 година ние имавме одлични резултати во однос на стопанската и економската размена со Бугарија и бројките беа поголеми за 20% од претходната година. Трговската размена беше на солидно ниво, додава тој.

Според Лазаров, Владата не го откажала инвестирањето во нуклеарната централа Белане, туку го пренасочила заради проценката во приоритетот, а тоа е што побрз пристап кон економичен и безбеден енергенс. 

- Изградбата на нуклеарната централа Белане ќе трае прилично долго заради спецификите на самата градба, можеби и десетина години. Приоритет на Владата е стратешко гасно поврзување со Грција кое ќе се случи прилично динамично во однос на роковите, вели Лазаров.

Комората која ја предводи Лазаров инсистира на што побрзо решавање на отворените политички и историски дилеми и кон соседите и внатре во државата, бидејќи економските последици може да го поттикнат населението на трајно иселување.

Можеби ќе ве интересира

Бехтел и Енка на 4 април започнуват со изградба на автопатите, најавен спектакл

Бехтел и Енка на 4 април започнуват со изградба на автопатите, најавен спектакл

Владата му порача на ЕСМ да го продолжи договорот со топланите на Адора

Владата му порача на ЕСМ да го продолжи договорот со топланите на Адора

Што се случува во Црна Гора каде стотици хотели се продаваат?

Што се случува во Црна Гора каде стотици хотели се продаваат?

Бектеши: Не разговарам со Сојузот на стопански комори

Бектеши: Не разговарам со Сојузот на стопански комори

Јајцата и оризот се замрзнуваат на цените од 15 март

Јајцата и оризот се замрзнуваат на цените од 15 март

БАНКАРСКИ БРАК ПОД ПРИСИЛА: Зошто швајцарскиот план за спас на „Кредит Свис“ повторно ги зацрвене берзите

БАНКАРСКИ БРАК ПОД ПРИСИЛА: Зошто швајцарскиот план за спас на „Кредит Свис“ повторно ги зацрвене берзите

Ако сигурната Швајцарија не може да ги спаси своите банки, тогаш кој може?

Ако сигурната Швајцарија не може да ги спаси своите банки, тогаш кој може?

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО ЈАНУАРИ СКОРО 34 ИЛЈАДИ - еве каде има раст на платите

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО ЈАНУАРИ СКОРО 34 ИЛЈАДИ - еве каде има раст на платите

Битиќи: Во 2023 ќе ја преполовиме инфлацијата, 2024 е година на закрепнување на економијата

Битиќи: Во 2023 ќе ја преполовиме инфлацијата, 2024 е година на закрепнување на економијата