ЌЕ БАРА ЛИ ВМРО ДПМНЕ ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ: Николовски смета дека тие мора да се случат што побрзо
Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2022
Предвремени избори би било најдобро да се случат пролетта догодина, смета потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.
Тој, во гостувањето во емисијата „360 Степени“ на Алсат, рече дека следната зима ќе биде уште потешка, а актуелната власт не знае да менаџира со домашното енергетско производство.
„Зимата 2023 ќе е полоша од зимата 2022, затоа што нема да завршат брзо воените дејствија во Украина, се очекува цените на енергенсите да одат нагоре, а со неспособен тим што не знае да го организира домашното производство, мислам дека 2023-та ќе биде уште полоша, затоа изборите мора да се случат што побрзо, најдоцна пролетта, за да има време новата влада да се спреми за зимата 2023-та“, рече Николовски во своето гостување.