19 Април, 2024
0.0263

ЌЕ БАЗИРА НА ГЕНЕТИКА: МОЖЕ ЛИ ВАКЦИНАТА ДА БИДЕ ГОТОВА ДО ЕСЕН - директорот на фармацевтската компанија е голем оптимист

Објавено во: Свет 12 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Една од водечките светски фармацевтски компании Pfizer е се повеќе уверена дека нејзините напори за развој на вакцина против коронавирус ќе бидат успешни. 

Во интервју за TIME, извршниот директор на компанијата, Алберт Боурла, вели дека верува оти одобрувањето од Агенцијата за храна и лекови може да дојде веќе во октомври. Врз основа на ветувачките резултати од истражувањето во раната фаза објавено на 1 јули, Pfizer драматично ги зголеми проекциите за бројот на дози што ќе ги произведе оваа година, на 100 милиони. Борула исто така откри дека компанијата започнала трговски разговори со владите ширум светот за тоа колку дози ќе добијат.

Борула е толку убеден дека неговиот глобален фармацевтски гигант е на вистинскиот пат, па решил дека компанијата ќе започне со производство на вакцината пред да добие одобрение од ФДА. Тоа е потег исто толку ризичен, колку што е невообичаен. 

Вакцината на Pfizer се развива со нивниот германски партнер за биотехника BioNTech, користејќи нов пристап базиран на генетика. Боурла признава дека ниту една таква вакцина досега не била одобрена за да се спречи инфективно заболување.

Pfizer е предвидено да започне големо клиничко испитување подоцна во јули, во кое ќе бидат вклучени 30.000 луѓе на 150 локации до крајот на тест периодот. 

Боурла (58), кој е роден во Грција и се обучувал да биде ветеринар, пред да се вработи во оваа компанија, секако дека планира да одреди цена за вакцината која би носела профит, но верува дека владите треба да ги распределат првите дози на најранливите земји и тоа да биде бесплатно. 

Што покажаа податоците што Pfizer и BioNTech ги објавија на 1 јули?

Дека вакцината кај луѓето создава многу стабилен имунолошки одговор кај сите лица што ја примиле вакцината. И тие одговори беа во можност да го убијат вирусот. Всушност, оваа вакцина може да го неутрализира вирусот.

За мене, беше моментот кога ги видов податоците, плус многу други податоци што сè уште не сме ги објавиле. Тоа ме натера да размислувам дали имаме вакцина. Сега, пак, зборувам за тоа кога ќе имаме вакцина“, рече Боурла. 

Според него, ќе знаеме дали вакцината е добра кога ќе ја имаме последната студија. 

„Имаме многу индикации кои ме прават да се чувствувам дека навистина ќе успееме. Во септември ќе имаме доволно податоци за да кажеме дали вакцината функционира или не. И да го доставиме тоа до ФДА. Значи, за потенцијално одобрување во октомври, ако имаме среќа. Тоа е изводливо“, вели Боурла.

Ако вакцината се покаже успешна, односно доколку ние сме убедени во тоа, дека е ефикасна и безбедна, и доколку и ФДА е убедена во тоа, ќе имаме веќе произведени дози кои ќе бидат лесно достапни, објаснува првиот човек на компанијата.

„Наскоро ќе започнеме со производство на вистинска вакцина. Се уште не го правиме тоа затоа што чекаме, но има многу фази“, објаснува Боурла. 

На новинарското прашање дека компанијата има инвестирано над една милијарди долари во ова, па што ако ФДА ја одбие вакцината, тој одговара дека тоа се само пари што ќе бидат изгубени.

фото: TIME

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените