ЌЕ БИДАТ РАСПОРЕДЕНИ ВО КОНГО: Експерти на СЗО треба да ја спречат сексуалната експлоатација
Објавено во: Свет 15 Октомври, 2021
Членови на Светската здравствена организација (СЗО) ќе бидат распоредени на 10 локации во Конго. СЗО испраќа експерти во Конго да ја спречат сексуалната експлоатација.
Претходно, имаше скандал во Конго, каде персонал на СЗО е обвинет за сексуално злоставување на жени. Околу 83 луѓе во Конго кои помагаа во текот на пандемијата со ебола, од кои една четвртина работеа за СЗО, се вмешани во сексуална експлоатација и злоставување на жени во периодот од 2018 до 2020 година. На жените им ветувале работа во замена за сексуални услуги.