ЌЕ БИДАТ ЗАГРОЗЕНИ ЛУЃЕТО И НИВНИТЕ ИМОТИ: Еве каква зима ќе има на Балканот и во Европа
Објавено во: Балкан 22 Октомври, 2020
Бурна зима ја очекува Европа.
Бурни зимски услови ќе има во Лисабон, Мадрид, Барселона, Ница, Рим, Атина и Букурешт.
Со ваква прогноза излезе светски познатата метеоролошка служба „Акуветер“ (AccuWeather).
Се предвидува дека невремето во Европа ќе се движи кон југ, а бројни бури ќе се придвижуваат кон јужна Европа и Средоземното море, но и на Балканот.
Ќе бидат загрозени имотите и животите на луѓето.
На Балканот веќе имаше снежни врнежи на планините на почетокот на октомври.
Oваа година пак имаше топол месец мај, нешто што досега не е забележано во регион како Сибир.