29 Март, 2024
0.0295

ЌЕ БИДЕМЕ ЛИ ОД УТРЕ СЛОБОДНИ, ИЛИ ПАК СО ПОЛИЦИСКИ ЧАС - Комисијата го има последниот збор

Објавено во: Македонија 07 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Според најавите од министерот за здравство Венко Филипче, нјверојатно денеска или најдоцна до утре, комисијата за заразни болести треба да излезе со предлог за тоа како да се дејствува понатаму во земјава.

Клучната одлука што ќе треба да се донесе е дали од утре ќе биде потребно да продолжи полицискиот час. 

Некои најави говорат дека полициски час најверојатно ќе нема, но ќе зајакнат контролите за тоа колку се почитуваат мерките за заштина од коронавирусот. Ова значи проверки дали се носат маски во затворени простории, но и на отворено каде што не може да се одржи потребната физичка дистанца. 

Но, се ќе зависи од тоа какви бројки за новозаболени ќе доаѓаат во следниве денови. Ако се тие поволни, ќе се оди и на други олабавувања, а меѓу нив се размислува и за отворање на хотелите.

Инаку, на својата последна пресконференција одржана во петокот, министерот Филипче најави дека од понеделник најверојатно повторно нема да има полициски час. Но, како што и самиот нагласи, тоа го вели со резерва, бидејќи конечната одлука ќе се донесе или денеска, или во понеделник наутро, од страна на Комисијата за заразни болести.

Причина за ова може да биде што најголемиот број од новозаболените се со лесни симптоми, што покажувало дека вирулентноста на вирусот слабее, и дека нема да се случи опасното сценарио, односно да се пренатрупаат болниците со пациенти. 

А во последните 24 часа, по направени 1085 тестирања, регистрирани се 125 нови случаи на ковид-19.

Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница