ЌЕ ДОЈДЕ ЛЕКАР ОД СЛОВЕНИЈА, ЕСКПЕРТ ЗА АМПУТАЦИИ, ЗА ТРЕТМАН КАЈ НЕКОИ ОД ПАЦИЕНТИТЕ: Една пациентка се уште е во тешка состојба
Објавено во: Македонија 19 Јуни, 2025 14:18
Петмина повредени во пожарот во Кочани се уште се лекуваат во странство, а петмина се
во Скопје. Нивната состојба останува
непорменета.
-Една пациентка е сè уште во тешка состојба. Мислам дека деновиве се направи проценка за позначително пресадување кожа кај таа пациентка. Инаку, таму проблемот е инфективен и се третира на најдобар можен начин со најдобрите можни антибиотици во моментот, информираше попладнево на прес-конференцијата во Владата, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.
Рече дека поканиле лекари-експерти од Израел, оттаму нема полетувања зарадиактуелната војна.
-Ќе дојде од Словенија екперт за ампутации за да се погледнат опции за третман на овие повредени. За да излеземе во пресрет, одобривме контролни ппрегледи во Пирогов, тоа го побараа 6 повредени лица. Нашиот апел е дека најдоброто место за третман е Кочани. Целата нега на повредените во катастрофата што се случи во Кочани, на долги стази ќе биде на терет на државата односно на ФЗО, истакна тој.
„Од треман на изгореници на белодробие, нега, психосоцијална нега – сето тоа спаѓа на терет на државата. Тие услуги се достапни во болницата во Кочани. Прво физикалната терапија се пренесе во Кочани, а оваа недела имаше 10 интервенции со плазма збогатена со тромбоцити. Со префлрање на пулмолошките прегледи, најголем дел од здравствената заштита ќе се одвива во болницата во Кочани. Имаме 10 повредени кои се во болница. Имаме 15 лица на кои треба да им се земат мерки за компресивна облека. Препораките за употреба на компресивна облека е 2 години и во тој период ќе треба да се менува, а компресивните маски ги правиме во соработка во германска фирма“, рече Клековски.
Директорот на ФЗОМ повика на смиреност кај повредените и нивните семејства, а кажа и дека од комуникацијата со центри за изгореници, не се препорачува употреба на естетски ласерски зафати пред да поминат 6 месеци.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бугарски министер го нарече Мицкоски „северномакедонски“ премиер, МНР го повика амбасадорот на разговор

БУГАРСКО МНР ДО МАКЕДОНИЈА: Нема да толерираме говор на омраза и лични напади

„Прогласена е кризна состојба“ – СМС пораката која стигна до граѓаните е тест

МИЦКОСКИ ЗА ГЕОРГИЕВ: Тоа момче е пратено да привлече мое внимание

МЕРКИ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО: Детето од Ново Село кое беше врзано е сместено во згрижувачко семејство

ОЈО: Извршен е разговор со децата уапсени за пожарот кај Стајковци и се пуштени

МНР ОЧЕКУВА ИЗВИНУВАЊЕ ОД СОФИЈА: Недоличниот речник претставува директна повреда на основните принципи на меѓународното право

МИЦКОСКИ: Можеби некој очекуваше дека ќе ги напуштиме преговорите, ќе докажеме дека сме најдобриот ученик
