28 Март, 2024
0.0264

Ќе дојде ли дереџе турската лира да не стигне ниту за „симит“?

Објавено во: Економија 20 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Од почеток на годинава до сега турската лира изгуби 40 отсто од вредноста во однос на доларот и 35 отсто во однос на еврото. Државата во јули има највисока стапка на инфлација во период од 14 години наназад, која галопира во последните 8 месеци, преполовено ниво на државни резерви во злато, трговски дефицит, намалување на увозот што е директен резултат на намалената куповна моќ и на увозот на суровини и полупроизводи особено во јуни кој во однос на мај е намален за 18 отсто. Пад на животниот стандард, каматни стапки кои надминуваат 15 отсто, државен долг кој надмина 466 милијарди долари. Рејтинг агенциите го намалуваат кредитниот рејтинг. Политичкиот водач на Турција е во отворена економска војна со САД, а тоа ги плаши странските кредитори и инвеститорите. Заради политичкиот контекст и се послабата лира дури и туризмот не може да помогне како што тоа се очекуваше... Што ќе следува ако клекне економскиот џин во нашето опкружување?

Турција е под сериозен економски притисок. Инфлацијата расте, се намалува довербата на странските кредитори, голем притисок врз цената на парите преку каматните стапки. Трговскиот дефицит расте, долгот на Турција надминува 466, 6 милијарди евра на крајот на март годинава. Слабее лирата во споредба со конвертибилните валути. Паѓаат приходите од туризам изразени во долари токму заради слабеењето на турската лира која е под голем притисок заради економски причини, но во можеби и поголема мерка, заради се поизразената недоверба на странските кредитори и трејдери во политиките на Реџеп Таип Ердоган, највлијателниот човек во Турција. 

Замислете, турската економија е во толкава мерка разнишана што е доведена во прашање и иднината на ѓеврекот со сусам, турската национална гордост. Цената на сусамот е драстично е зголемена заради тоа што сусамот е увозна стока, а тоа ја зголеми и цената на ѓеврекот. Претставникот на асоцијацијата на производители вели дека е неизвесна неговата иднина и се исправени пред предизвикот да го намалат неговото производство затоа што поскапува и се бара многу помалку.

Како дојде до турската економска криза?

За турската економија во последниве десетина години во многу наврати е пишувано дека е економскиот тигар на блискиот исток. Турската економија стратешки е потпрена на три столба кои ја одржуваат нејзината сила: едниот е свртеноста кон домашните потрошувачи, втората се приходите од туризмот пред се од странските гости и третата е експанзивната инфраструктурна инвестициска политика на Ердоган која се изведува преку неколку домашно поседувани холдинзи, а целта му беше тоа да биде мотор на економски раст.

Трите столба се сериозно разнишани. Прво, во последниов период се намалува домашната потрошувачка заради континуиран раст на цените, на што несоодветствуваат промени во животниот стандард на населението. Второ, приходите од туризмот не можат да бидат на потребното ниво заради девалвацијата на лирата. Трето големите холдинзи се силно кредитно изложени спрема странски кредитори. Приватниот сектор со се банките должи кон странски кредитори повеќе од 470 милијарди долари, а само холдинзите „Лимак“, „Ченгиз“, „Колин“ и МНГ (извор. Investor.bg) во кои Ердоган најмногу веруваше и со кои има најдобра соработка имаат долгови кон кредиторите кои надминуваат 140 милијарди долари. Големите холдинзи од власта добија мега инфраструктурни проекти за кои се задолжија во странство, а власта им гарантираше концесии и покривање на разлики меѓу планирани и остварени добивки. Работите не одат во посакуван правец. Бенефитите од мега инфраструктурните проекти не можат макар и засега да донесат благосостојба. Заради тоа што стагнираат и приходите од туризмот на околу 25 милијарди долари годишни, иако се зголемува бројот на гости особено од 2016 година навами, и тука нема потпора која ќе биде заштитник на турската економија сега кога е најтешко.

Што се случува сега?

Турската економија има неопходна помош од сојузник. Многумина партнери, инвеститори и сојузници креваат раце изморени од диктаторската политика на Ердоган и неговото буквално мешање и притискање на луѓето кои одлучуваат за економските политики. Иако се претчувствува дека доаѓа време за правење на сметката и плаќање на цената за сега никој не зборува отворено за тоа. Последна мерка која директно влијаеше врз недовербата на инвеститорите е одлуката на турската централна банка да не ја зголеми каматната стапка. Ердоган многу жолчно го критикува и фрла дрва и камења против зголемувањето на каматните стапки. А токму тие досега го одржуваа на некој начин мирот в куќа. Одлуката да не се кренат каматните стапки предизвика најголем пад на вредноста на турската лира која за пола години изгува 40 отсто од својата вредност. На помош на Турција притекна Катар со ветена инвестиција од 15 милијарди долари. Но, тоа е само „инфузија“. Дали тоа може да помогне? Турција има трговски дефицит од 5,5 милијарди долари за првите шест месеци, а дефицитот на тековната сметка е речиси 3 милијарди долари до крај на јуни. Надворешниот долг изнесува повеќе од 466 милијарди долари, а стапката на инфлација е 15,85 отсто во јули, а просечната каматна стапка е 17,75 отсто. Растат цените на суровините и полуфабрикатите од увоз, а тоа ги зголемува производствените цени на турските производи и влијае негативно врз стандарот на потрошувачите. Дополнително притиска и состојбата со електричната енергија која е важен инпут на производството, а се знае дека Турција е голем потрошувач, но е увозно зависна земја од електрична енергија која во последниве години беше регионален маркет мејкер. 

Очигледно е дека Турција е во „маѓепсаниот круг“ на инфлацијата сакале да го признаат тоа или не. Многумина интернационални финансиски експерти кои ги цитираат светските агенции се согласни се има време и простор Турција да излезе од најлошото сценарио, но не се оптимисти дека Ердоган ќе се вразуми за да дозволи консолидација на турската економија. Голем проблем за Турција е и намалувањето на златните резерви. Оваа земја во април имала 382,2 тоно, а во јули имала само 236 тони злато.

Нашиот регион е во голема мерка засегнат од случувањата во Турција која е голем трговски партнер на сите земји. Македонија за половина година има увоз од Турција вреден над 170 милиони евра, нашиот извоз таму е понизок од 50 милиони евра. Официјалните статистики покажуваат дека голем извоз лани Турција имала во Романија – над 3 милијарди долари, во Бугарија над 2,7 милијарди долари и во Грција над 1,6 милијарда долари и Србија околу 1 милијарда долари. 


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“