Ќе ги цени ли Европа вложените напори на Македонија?
Објавено во: Македонија 16 Јуни, 2019
Премиерот Зоран Заев во своето обраќање на последниот ден од тридневниот Форум Европа -Вахау, кој се одржа во Австрија изјави дека Северна Македонија не бара веднаш да стане членка на Европската Унија, но сака по сите вложени напори да ѝ се овозможи отворање на претпристапните преговори.
„Ние понекогаш повеќе веруваме во Европа отколку некои земји членки на Унијата, веројатно. Сонуваме да ги достигнеме европските вредности затоа што тоа е смислата на животот. И ќе продолжиме по таа патека. Имаме многу да им дадеме на земјите од ЕУ“, рече Заев.
Францускиот амбасадор на Франција во Македонија Кристијан Тимоние, пак вели дека не може точно да каже кога Македонија ќе добие датум за преговори. Порача дека времето кое претстои мора да се искористи за реформи.