24 Април, 2024
0.0307

Ќе ги зарадува ли конечно малите акционери УНИ Банка?

Објавено во: Економија 05 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Добивката по акција лани пораснала за 69 отсто во однос на 2016 година, а секоја акција носи 444 денари што ако се подели како дивиденда може да биде принос од 22 отсто!

УНИ Банка лани имаше солидно подобрување на резултатите од своето работење по повеќе основи. Зголемени се приходите од камати и нето приходите од камати, зголемени се нето приходите од надоместоци и провизии, резервациите се во позитива, а загубата заради оштетување нефинансиски средства е сведена на петпати пониско ниво во однос на 2016 година. Секоја акција носи зголемена добивка за 69 отсто во однос на претходната година. Значајно лани пораснале кредитните пласмани како и депозитите на коминтентите. Очгледно е дека со финансискиот извештај за 2017 година банката ја утврди довербата кан инвеститорската јавност за нејзините перформанси. Останува да видиме да ќе се материјализира довербата на инвеститорите преку поделба на дивиденда.

Банката ја утврдува и подобрува својата пазарна позиција

Уни Банка лани имала нето приходи од камати во износ од 656,3 милиони денари што е за 94 милиони денари подобар резултат од 2016 година односно 16,7 отсто. Тоа се должи на зголемување на приходите од камати, а паралелно со тоа и намалување на расходот за камати. Зголемувањето на приходите од камати е резултат на раст на портфолиото и утврдување на пазарната позиција. Напоредно банката ги зголеми приходите од провизии и надоместоци на бруто и на нето основа. На нето основа тие лани биле 125 милиони денари и макар и за нијанса се повисоки од 2016 година. Многу е значајно за добивката тоа што банката годинава е во позитива од билансот на нововпишани и на ослободени резервации на кредитните пласмани. Така на крајот на годинава таа излегла во плус од 16,56 милиони денари, а иста била тенденцијата и во 2016 година. 
Забележлив е благ раст на трошоците за вработените кои се всушност и најголема ставка со износ од 253,6 милиони денари и во однос на 2016 година пораснале за 14 милиони денари. 
Добивката на банката лани е 242 милиони денари и во споредба со 2016 година е повисока за 100 милиони денари.

Кредитирањето пораснало за 1,4 милијарди денари

Билансот на состојба покажува дека УНИ Банка лани го зголемила нивото на кредитирање за 1,4 милијарди денари до износ од 11 милијарди денари и тоа претставува раст од 15 отсто во однос на 2016 година. Паралелно со ова депозитната база на банката пораснала за една милијарада денари и на крај на 2017 година достигнала износ од 12,586 милијарди денари.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?