28 Март, 2024
0.0283

Ќе ги затвориме плацевите, порачаа увозниците - Владата засега не отстапува

Објавено во: Македонија 23 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Увозниците на половни возила се чини дека нема лесно да се предадат. Барат итно да се повлече новиот закон за данок на моторни возила, заедно со новиот правилник, и да се вратат старите законски решенија. 

Сопствениците на плацеви вчера повторно протестираа, незадоволни, што, како што велат, Царинската управа нема слух за нивните барања, па затоа решијле да ги достават директно во Владата. 

Според увозниците на половни возила, откако стапи во сила новата Уредба, нивните давачки се драстично зголемени. Од тие причини, велат, увозот на половни возила во првите дваесетина дена од годинава е намален за 90 отсто во споредба со истиот перид лани. Тие предупредија дека некои од увозниците може да стават и клуч на плацевите. Ако не се исполнат  нивните барања се заканија со секојдневни  протести и блокади на улиците.

„Не можеме да увезуваме возила со овие цени, бидејќи царините достигнуваат исто колку што го купувате возилото во Италија. Во Италија може да има возило во вредност од 3.000 евра, а имаат плата 2.000 евра, а кај нас имате давачки од 3.000 евра и возилото станува 6.000 евра. Сите увозници прекинаа, веќе не увезуваат. Ако се земе процент од ланската година може да кажеме за овие 15 дена 90 отсто е намелен увозот“, рече еден од учесниците на протестот. 

Од друга страна, првиот човек на Царината, Ѓоко Танасоски, им порача на увозниците дека засега на сила останува сегашната Уредба за данокот на моторни возила.

„Во уредбата е дефинирано по старо што беше акциза, сега се вика посебен данок на моторни возила. При пресметката на овој данок, главната измена се однесува на еколошката компонента која е вметната во пресметката на овој данок. А тоа опфаќа да на пример, до 10.000 евра, возилата кои досега ништо не плаќале, сега ќе плаќаат врз основа на еколошката компонента. Односно, што помалку загадуваат, тоа помалку ќе плаќаат. За прв пат се прави храбар исчекор во контекст на справување со загадувањето, преку мотивирање на увоз на поеколошки возила отколку на понееколошки“, вели Танасоски.

Според него, забелешки на законот немаат сите увозници на автомобили, туку само оние што увезуваат поволни возила.

Царината ќе продолжи да ги разгледува забелешките, но уредбата засега останува.

„Ние секако ќе ги разгледуваме и натаму забелешките, се прават анализи, но да бидеме свесни дека нема ни еден месец откако е донесена уредбата, треба да се види дали може, дали треба или не треба да се интервенира. Сега засега останува истата уредба“, рече Танасоски.

Тој рече дека досега во два наврати имал средби со увозници, ги сослушал нивните ставови Уредбата, вели, овозможува поголемо регулирање. А со неа ќе се овозможи и база на податоци врз основа на кои реално ќе се види загадувањето и какви возила се увезуваат, и така ќе се преземаат идни чекори. 

Инаку, ако лани просечно месечно се увезувале од две до две и пол илјади половни возила, во декември, откако стана сигурно дека од стартот на годинава законот ќе стапи на сила, само за еден месец биле увезени шест илјади увезени возила. 

Можеби ќе ве интересира

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра