ЌЕ ГО ПАМЕТИМЕ ПО ЛУД, ЗБУНЕТ, НОРМАЛЕН, НО И ПО БЕСКРАЈНО МНОГУ ДРУГИ ОСТВАРУВАЊА - почина Мустафа Надаревиќ
Објавено во: Балкан 22 Ноември, 2020
Мустафа Надаревиќ, познат актер, почина по долга битка со сериозно заболување на 77-годишна возраст.
Веста за неговата смрт ја потврди актерот Моамер Касумовиќ за порталот Radiosarajevo.ba.
Според споменатите медиуми, тој имал дијагностициран рак на белите дробови, а неодамна бил пуштен од болница и бил во куќа во Загреб, а како што пишуваа медиумите, тој не ја напуштил куќата поради епидемиолошката состојба.
Мустафа Надаревиќ беше хрватски и босански театарски и филмски актер и режисер. Најпознат е по улогата на Изет Фазлиновиќ, во серијата Луд zbunjen normalan, каде ја играше главната машка улога.
Надаревиќ дипломирал глума на Загребската академија за театарска уметност и ја започнал својата театарска кариера како член на младинскиот театар во Загреб. Станува постојан член на ансамблот на Хрватскиот народен театар во Загреб во 1969 година.