29 Септември, 2024
0.0272

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

Објавено во: Македонија 29 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Работиме земјоделците да имаат откупена количина на ориз по рентабилна цена која што ќе значи стимул за наредниот период да се произведува.

Ова денеска го истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски за време на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ во с. Оризари, општина Кочани.

„Денес се наоѓаме во Оризари, општина Кочани на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“, со што започнува и жетвата на оваа култура. Ние како Министерство ја поддржуваме оваа манифестација се со цел да ја продолжиме традицијата и да го афирмираме постоењето на оваа битна житна култура за нас како држава“, истакна министерот Трипуновски.

„Се надевам дека ќе имаме успешна жетва и дека ќе имаме богат род и квалитетен ориз од реколта 2024 година“, посочи Трипуновски.

Во својата се изјава министерот се осврна и на тоа дали домашниот ориз ќе се откупува за стокови резерви при што посочи дека во план е следната година откпу на пченицата. 

„Веќе со заклучок на Влада задолжена е Агенцијата за стокови резерви да ги измени сите правилници, уредби и програми и нормално да се предвидат средства за 2025-та година каде што оризот согласно Законот за стокови резерви ќе се откупува за чување за потребите на државата“.

Тој додаде дека од разговорите со земјоделците првичните информации говорат дека ќе има зголемен род, богата жетва и согласно тоа квалитетот ќе биде добар.

„Првичните информации говорат дека и рандманот ќе е исто така висок, што значи дека ќе имаме богата жетва и ќе имаме зголемен принос на ориз. И квалитетот ќе биде многу подобар од претходните години“, истакна министерот Трипуновски.

„Согласно информациите кои што ги добив од Државниот земјоделски инспекторат во Република Македонија сериозна количина на увозен ориз нема, и онаа количина што е во минимални рамки, морам да кажам дека ја контролираме согласно квалитетот и безбедноста да биде запазена. Меѓутоа она што е наш приоритет како Влада е да работиме и работиме во интерес на земјоделците се со цел да го заштитиме домашното производство“, посочи тој.

Министерот укажа дека останатата количина на ориз од минатата реколта е во многу помала количина. И во разговор со компаниите веќе започнаа да го откупуваат и ланскиот ориз.

„Работиме земјоделците да имаат откупена количина на ориз по рентабилна цена која што ќе значи стимул за наредниот период да се произведува. Ние како Министерство и како Влада ќе го следиме процесот. Нормално ќе го следиме и во делот на откупот од страна на компаниите дали се почитуваат сите законски норми се со цел да нема злоупотреба и манипулација на трудот на земјоделците од овој регион“, нагласи Трипуновски.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

„Гледаме дека претседателот на Собранието има двојни стандарди“: Спасовски за законот за бранители - време е да се затвори ова прашање

„Гледаме дека претседателот на Собранието има двојни стандарди“: Спасовски за законот за бранители - време е да се затвори ова прашање

ПРЕТРЕСИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ НИЗ ОХРИД - едно лице зад решетки поради изнуда и лихварство

ПРЕТРЕСИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ НИЗ ОХРИД - едно лице зад решетки поради изнуда и лихварство

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: 24 годишно момче од Свети Никола загина во сообраќајна незгода на автопатот Тетово-Скопје

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: 24 годишно момче од Свети Никола загина во сообраќајна незгода на автопатот Тетово-Скопје