19 Април, 2024
0.0454

БЕЖОВСКА: ЌЕ ИМ СЕ ОЛЕСНУВААТ ЗАЕМИТЕ НА ФИРМИТЕ - пониски камати и подолги рокови на отплата

Објавено во: Финансии 18 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Кредитите што ги зеле фитрмите, а кои поради кризата ќе им биде тешко да ги враќаат, да им бидат олеснети условите, односно да им се намалат каматите, да им се одобри грејс период, но и да им се зголеми рокот на отплата.

Ова е една од мерките што ги предлага Народната банка за да се олеснат последиците кон реалниот сектор поради корона вирусот, а денеска ги соопшти гувернерката Бежовска.

„Подготвена е предлог одлука за управување со кредитниот ризик, за да се олеснат условите за реструктуирање на кредитите на погодените сектори, а тоа значи промена на договорните услови на кредитите, а тоа е намалување на каматна стапка, одобрување на грејс период, продолжување на рокот на отплата и слично. Таа се разгледува, со очекува да ја одобри и Советот на НБМ“, рече гувернерката.

Бежовска-Ангеловска вели дека макроеконосмата состојба во земјава е стабилна, со ниска инфлација, високо ниво на девизни резрви и стабилен банкарски систем, како клучен столб за одржување на финансиската стабилност во нашата економија. 

„Резимирано - макроекономската состојба е стабилна. Но, во оној момент не загрижуваат ризиците насочени кон реалниот сектор. Оттаму, врз основа на овие здрави основи, ние како монетарна политика преземаме некои мерки“, рече гувернерката. 

Инфлацијата е стабилна, во првите два месеци е 0,7 отсто, се очекув дека до крајот на годината ќе се одржува на ниско и стабилно ниво.

Девизните резерви се на ниво од околу три милиојарди евра, или речиси двојно повеќе од нивното ниво пред нивото од 2008 година, пред тогашната криза. Ние имаме високо ниво на девизни резрви, не само номинално, туку и според сите индикатори за нивна оценка. Тоа високо ниво на девизни резрви сега е многу значајно

Банкарскиот систем останува здраво јадро на аншата економија. Сите показатели тоа го докажуваат - високата капитализираност, адекбватност на капиталот, ликвидниста на банките е на високо ниво, со висок квалитет на активата, што влијае на нивото на кредитната поддршка. Има значајно ниско ниво на нефункционалните кредити.

Од другите мерки со кои НБМ помага во ситуацијата се и следниве.

„Прво, ја намаливме основната каматна стапка, сведувајќи ја на 1,75 отсто, што е историски најниско во нашата економија. Со оваа мерка ќе се поттикне натамошно одржување на солидна кредитна активност кон фирмите и населението.

Вчера прва мерка за ставање во функција на неконвенционален монетарен иструмент, а тоа е дека сите нови кредити кои ќе бидат одобрени на погодените сектори, вклучително и кетдитите што ќе бидат реструктуирани, нивниот износ ќе се смета за одбвна ставка од основицата по која се пресметува задолжителната резерва. Тоа значи ослободување на поголема ликвидност на банките во системот. Ова е со цел повеќе да кредитираат и да одобруваат поповолни услови за кредитите“, рече гувернерката.

Ќе се намалат и сите регулаторни барања што не се неопхпдни за банките.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“