19 Април, 2024
0.0306

ЌЕ ИМА ЛИ БУМ ДОПРВА: Дозволено до евтина вила на Халкидики

Објавено во: Економија 15 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Сега е легално да се купи, но нема зголемена побарувачка за станови и имоти надвор од границите на Македонија. Македонците секако и порано наоѓаа начин, па изнакупија вили на Халкидики, Солун но и во други познати места во соседна Грција. Сепак со преминувањето на земјава во втората фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА) од неодамна, правните и физичките лица можат да вложуваат во недвижности и хартии од вредност во странство.

Според агенти за недвижности, секако, граѓаните купуваат имот надвор, ама самата легализација засега не им го зголемила „апетитот“. Во дел од агенциите велат и дека граѓаните се уште не се баш запознаени со оваа можност.

„Минатата година дел од граѓаните беа заинтересирани за купување на имот, односно на викендици и станови во соседна Грција. Во моментов, односно во последните два месеци немаме побарувања,  вели Снежана Динева, сопственик на агенција за недвижности во Скопје.

Вели дека ако се зголеми интересот тие дури ќе направат соработка со агенции во соседството за продажба на имот на наши државјани.

Администраторот на фејбук групата „На одмор во Грција“ Спасе Манев, вели дека во неговата група редовно се постираат имоти во Грција, посебно на Халкидики, а најчесто постовите за издавање на имотите кај соседот се постирани од наши државјани. Дали се нивни или не, не се коментира.

Според неговите информации во последните две години се зголемил интересот на граѓаните за купување на имот во Грција, и тоа на Халкидики и во Солун, но најмногу поради последниот пад на цените на апартманите кои се нудат таму на пазарот.

Сепак јавна тајна е дека многу нашинци со години наназад се одлучуваат да инвестираат во соседството. Посебно на Халкидики во соседна Грција.  Некои од нив купуваат вили, апартмани или куќи за да ги изнајмуваат во летниот период.  Односно, тоа им е како бизнис.  Својот имот најчесто го нудат на социјалните мрежи, а ретко преку туристички агенции или агенции за недвижности.  Најмногу интерес кај граѓаните за купување имот во Грција има за во Паралија, Лептокарија, на некои места за летување на Халкидики, но во изборот за купување недвижности е и преубавиот Солун. 

Цените на квадратен метар во Солун се движат од 1.000 до 10. 000 евра, во зависност од местоположбата на самиот имот. Додека покрај крајбежјето на Егејското море, односно во Паралија или Лептокарија  може да се најде и имот за поефтино, овде цените се движат цените од 950 до  1.500 евра за еден метар квадратен. Додека Краците се за неколку евра поскапи, таму можете да купите стан или куќа од 1.200 до 2.000 евра за квадратен метар.

И не само Грција е атрактивна дестинација за вложување. Во претходните неколку години Македонци купуваат станови и во Бугарија, посебно во Банско, каде што можете да купите имот од 400 евра за еден квадрат,  па нагоре. Секако и црноморското крајбрежје е барано но таму цените за квадратен метар се двојно повисоки, се движат од 850 евра па нагоре.

Додека во главниот град на Бугарија, Софија цените за стан или куќа се движат од 780 до 1900 евра за еден квадрат во зависност од тоа во која населба се наоѓа живеалиштето.  А во Софија има над 80 населби. Последните информации на државниот завод за статистика во Бугарија покажува дека купувањето на нов дом во Софија се зголемил минатата 2018 година. Купувале Бугарите, но мал процент од купените имоти  во овој двамилионски град, минатата година купиле и лица од Велика Британија, од Шведска, како и мал процент на лица од соседството, од Грција, Србија, Турција и Македонија.

Овој тренд на инвестиција, купување на имот во странство бележи пораст и кај Србите, тие исто така купуваат најмногу имот во Грција, најмногу на Халкидики, но и во Солун, а мал процент од нив купуваат имот и во Бугарија, а уште помал на црногорското крајбрежје.

Бугарите пак инвестираат најмногу во имот покрај Црното море, за да можат подоцна да го изнајмуваат. Иако и од кај нив се купува имот во соседството посебно во нашиот јужен сосед.

Наталија Миланова

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите