Ќе има ли конечно одговорност за бегството на Груевски?
Објавено во: Македонија 11 Јуни, 2019
Премиерот Зоран Заев во Отворено на 24 ТВ изјави дека доколку се утврди дека некој од МВР е вмешан во бегството на екс премиерот, Никола Груевски ќе има одговорност.
Тој вели дека можно е и никој да не му помогнал, туку сам да избегал од државата.
„Ако има докази, се одговара, ако ги нема ништо. Доказите се богови во една постапка“, вели Заев.
Премиерот рече дека полицијата го следела Груевски на јавни места, додека џогирал на кејот, но сепак не може да му влезе дома и да ги наруши неговите човекови права.