ЌЕ ИМА ЛИ КРАЈ НА ВОЈНАТА НА САД И КИНА: Двете земји на чекор до трговски договор
Објавено во: Економија 12 Октомври, 2019
САД и Кина постигнаа делумен договор што ќе доведе до примирје во трговската војна и ќе послужи како основа за поширок договор меѓу претседателите на двете земји, Доналд Трамп и Си Џинпинг, подоцна оваа година, објави Блумберг.
Осврнувајќи се на наведените извори, Блумберг пишува дека како дел од договорот, Пекинг би се согласил на одредени земјоделски придобивки, додека Вашингтон би намалил одредени даноци на кинеските производи.
Инаку, Трамп ќе се сретне подоцна во текот на денот со кинескиот вицепремиер Лиу Хео за да разговара за трговскиот договор.