Ќе има ли промена: Денес нови цени на горивата
Објавено во: Економија 10 Јуни, 2019
Регулаторната комисија денеска ќе ги соопшти новите цени на нафтените деривати.
Дали ќе има промена, односно дали ќе поевтина или поскапат горивата ќе дознаеме околу пладне.
Имено, минатата недела нафтените деривати се точеа по цени поевтини за 1, односно за 1,5 денар.
Регулаторното тело за енергетика по новата методологија донесе одлука да се полнат резервоари со ЕУРОСУПЕР БС-95 по цена од за 69,5 ден/лит а 72,0 ден/лит ќе чини ЕУРОСУПЕР БС-98 .
ЕУРОДИЗЕЛ до денес се точи за 62,50 денари за литар.