Ќе има ли промени во временската прогноза деновиве
Објавено во: Македонија 24 Октомври, 2019
Натпросечните дневни температури некарактеристични за овој период од годината ќе продолжат и во наредните денови.
Ова станува јасно ако се погледне прогнозата на синоптичарите кои велат дека нема да има значајна промена во времето во деновите кои претстојат.
Сончево и топло време како и во претходните денови се очекува и денеска.
Ширум државата температурите ќе достигнат максимални 29 степени додека во главниот град тие ќе бидат максимални 27 степени.
Уживајте во убавото октомвриски време додека можете.