Ќе има нов тендер за Скопје - Блаце: Прескапа понуда за 2 километри автопат

Објавено во: Економија 18 Октомври, 2019
За изградба на првата фаза од автопатот Скопје - Блаце, односно за избор на изведувач, ќе се почека уште некое време, откако тендерот беше поништен бидејќи понудата од единствениот конкурент била многу скапа и цената го надминувала предвидениот буџет.
Од Јавното претпријатие за државни патишта за „Мета“ најавуваат дека во наредните денови ќе се објави втор по ред тендер за изградба на првите 2 километри од целокупната траса долга 12,5 километри.
Со изградбата на овој автопат треба да биде комплетиран Коридорот 10 низ Македонија, а треба да чини 110 милиони евра и да се гради до 2023.
Во периодот април – јуни догодина ќе биде изработена проектната документација за втората етапа од автопатот, по што ќе се распише тендер и за нејзината изградба.
Можеби ќе ве интересира
Туристичко-угостителската комора „фрлена на колена“: Како ќе се надминуваат штетите предивикани од Ковид19

Владата повторно инјектира милионски суми во државната компанија НЕР

Кој македонски производител на зејтин продава 50.000 акции? Цената е багателна!

ФИРМИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ЖАЛАТ НА ДРЖАВНИТЕ ОГЛАСИ - лани имало над 1.000 жалби до Комисијата за јавните набавки

Каков е всушност проектот „Гранд“ спроти Холидеј Ин: Највисоката кула ќе има 22 ката, а зеленило од над 6.000 квадрати

Генерали Инвестментс: Инвеститорите со долгорочни цели на заштеда потребно е да истраат

Објавен летниот распоред: Повторно директна авионска линија помеѓу Малта и Македонија по пауза од една година

Валалница во Србија им дава бонус на работниците ако се вакцинираат

ЏЕК МА ЗА САМО ЕДЕН ДЕН ГО ЗГОЛЕМИ БОГАТСТВОТО ЗА 2,3 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Доби „солена“ казна, па заработи уште повеќе
